Еднаквост сега: мониторинг-извештај за пристапот на жени од маргинализирани заедници до механизмите за заштита од дискриминација
март 27, 2026

Овој мониторинг и извештај се реализирани во рамките на проектот „Еднаквост сега – зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас имплементиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот и Коалиција МАРГИНИ, чија цел е да придонесе за подобрување на пристапот до правда и за зајакнување на механизмите за заштита од дискриминација за најранливите групи во општеството.
Преку систематско следење на постапувањето на КСЗД, проектот настојува да обезбеди докази засновани врз податоци, кои ќе послужат како основа за застапување, подобрување на институционалните практики и унапредување на јавните политики во областа на еднаквоста и недискриминацијата. Во таа смисла, овој извештај претставува мост помеѓу квантитативните наоди од мониторингот и квалитативните заклучоци и препораки, насочени кон остварување на целите на програмата „Цивика мобилитас“ и пошироко – кон градење поинклузивно општество.
Овој извештај, како завршен документ од процесот на мониторинг, претставува основа за понатамошна анализа на трендовите, идентификација на структурните слабости и формулирање на конкретни препораки насочени кон подобрување на пристапот до правда за жените од маргинализирани заедници.
Мониторингот се спроведуваше на квартално ниво, во периодот од јули 2024 до септември 2025 година, со цел да се следат трендовите и практиките во постапувањето на КСЗД, како и пристапот на жените од маргинализираните заедници до механизмите за заштита од дискриминација.
Целта на овој мониторинг е да утврди дали постојниот систем за заштита од дискриминација обезбедува реална и еднаква достапност за жените од маргинализирани заедници, како и да идентификува структурни бариери кои го ограничуваат нивниот пристап до правда.

