Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка
февруари 17, 2026

Назив на работно место: Финансиски менаџер/финансиска менаџерка
Краен рок за пријавување: 26 февруари 2026 година (четврток), 23:59 часот
Електронска адреса за поднесување на апликацијата: helkom@mhc.org.mk
Почеток на ангажманот: што е можно поскоро
Месечна нето плата: почетна 50.000,00 денари
Апликациите задолжително гласат на име „Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка“ и сите документи се поднесуваат во pdf формат
Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка
Хелсиншкиот комитет за човекови права објавува оглас за вработување на финансиски менаџер/финансиска менаџерка.
Опис и работни задачи:
- Подготовка и следење на буџетите и спроведувањето на добри финансиски практики;
- Подготовка на исплатите поврзани со пректите финансирани од Европската Унија и други донатори;
- Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
- Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
- Подготовка на периодични и финансиски извештаи;
- Комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на потребни документи;
- Пресметки на данок на личен доход за исплатите на трошоците кои подлежат на данок на личен доход
- Подготовка на пресметки, буџети и поддршка во процес на јавни набавки;
- Предвидување на проблеми и ризици во спроведувањето на проектите;
- Следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
- Организација и поддршка во спроведување на ревизии во Хелсиншкиот комитет за човекови права;
- Организирање на логистика за проектни активност
- Учество во креирање на методи за fundraising;
- Поддршка во тековното работење на одделението за финансии на Хелсиншкиот комитет за човекови права, и
- Други активности поврзани со секојдневното управување со финансиите на организацијата кои не се погоре споменати.
Услови што се бараат за вршење на работата / потребни квалификации:
- Да поседува диплома за завршено високо образование;
- Најмалку пет години работно искуство во областа на финансии, од кои најмалку три во граѓанскиот сектор;
- Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (ИПА проекти, Европска Унија, Европската Комисија итн.);
- Напредно познавање на информатичка технологија, особено познавање на програмата Excel;
- Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
- Напредни организациски и комуникациски вештини.
Работен ангажман:
Работното време ќе изнесува 40 часа неделно.
Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот.
Месечната нето плата е 50.000,00 денари. По истекот на 6 месеци, со можност за зголемување на месечната нето плата и склучување договор на неопределно време.
Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје.
Почеток на ангажманот: што е можно поскоро.
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик со наведени проекти на кои кандидатот/кандидатката има работено и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места.
Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 26 февруари 2026 година (четврток), 23:59 часот, со назнака „Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка“.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 3 март 2026 година, одбраните кандидат/ки ќе бидат известени дека ги исполнуваат условите за влез во втората фаза на изборот – интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.
