ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОД-ГРАНТОВИ во рамки на проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia” финансиран од UN Women
ноември 27, 2025

Имплементатор: Хелсиншки комитет за човекови права
Опфатени региони: Скопски, Источен, Југоисточен и Североисточен плански регион
Вкупен фонд за под-грантови: 2.240.000 денари
Висина на поединечен под-грант: до 560.000 денари
Број на поддржани организации: 4 (по една од секој регион)
Времетраење на проектите: 8-10 месеци
1. ВОВЕД
Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) го објавува овој повик за доделување под-грантови на локални женски и грасрут организации во Северна Македонија, со цел унапредување на родово-одговорното буџетирање во единиците на локална самоуправа.
Под-грантовите се доделуваат во рамките на проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia”, финансиран од UN Women. Проектот има за цел да го зајакне учеството на жените во процесите на локално одлучување, да ги подобри механизмите за родово-одговорното буџетирање и да создаде одржливи партнерства помеѓу граѓанските организации и општинските институции. Овие цели ќе се реализираат преку планирана многуфазна проектна стратегија, развиена во рамките на самиот проект и спроведувана од Хелсиншкиот комитет.
Општа цел на проектот е да ги зајакне локалните граѓански организации и жените од локалните заедници преку нивно вклучување во процесите на носење одлуки на локално ниво со што цел е да се подобрат практиките на родово-одговорно буџетирање во општинските единици во Северна Македонија, поттикнувајќи инклузивно управување и еднаков пристап до ресурси преку изградба на капацитети, стратешко застапување и зајакната локална соработка.
2. ЦЕЛИ НА ПОД-ГРАНТОВИТЕ
Поддржаните организации ќе придонесат кон:
– зголемена вклученост на жените, особено најмаргинализираните, во локално одлучување;
– подигната свест и знаење за родово-одговорно буџетирање;
– мобилизирање и мотивирање на локалните жени, вклучително и најисклучените, проактивно да бараат отчетност од локалните власти (како што се локални кампањи, петиции, изработка на предлози, тематски тркалезни маси и сл.) со цел засилено локално женско лидерство и застапување;
– развиени локални политики, буџети и предлози за 2026 година засновани на потребите на жените во локланите заедници;
– зајакната соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти.
3. КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
Право на аплицирање имаат организации кои:
- се локални женски организации;
- се регистрирани во Централен регистар;
- имаат активна трансакциска сметка;
- активно работат најмалку една година;
- имаат релевантно искуство во работа со жени и женски групи, во локално заедничко организирање и во процеси поврзани со локални политики;
- организации на кои унапредувањето на родовата еднаквост им е дел од мисијата.
– Скопски
– Источен
– Југоисточен
– Североисточен плански регион.
Не можат да аплицираат:
– политички партии;
– поединци;
– организации што промовираат анти-родови дискурси или иницијативи;
– непрофитни субјекти со нерегулирана финансиска состојба.
4. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ИЗНОС
– Времетраење на проектите: 8-10 месеци
– Максимален износ по грант: до 560.000 денари
– Вкупно грантови: 4 (еден по регион)
5. АКТИВНОСТИ КОИ МОЖЕ ДА БИДАТ ОПФАТЕНИ СО ПРОЕКТОТ
Активности поддржани со овој повик може да вклучуваат но не се ограничуваат на :
– теренски информативни активности;
– подигнување на свест за родово одговорно буџетирање;
– учество во менторската програма на ХКЧП;
– развивање локални предлози и поднесување до локална самоуправа;
– Следење на напредокот во усвојувањето на предлог-политики или мерки поднесени од жени и финансирани од локалните власти, како и користење на добрите примери за застапување и можноста за нивна репликација/проширување;
– Активности за застапување пред општините со цел потребите и предлозите на жените да бидат вклучени во локалните програми и буџети за 2026 година (организација на форуми;, тематски тркалезни маси со општините, отворени инфо-декови за РОБ и други)
И други активности.
Учеството во активностите предвидени во рамки на проектот Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia е задолжително за сите вклучени организации и учесници.
6. НЕПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
– отплати на долгови и казни;
– партиски/политички активности;
– купување возила и техничка опрема;
– трошоци не предвидени во одобрениот буџет;
– трошоци постари од датумот на започнување на проектот.
7. ВИДЛИВОСТ
Суб-грантистите се должни да ја обезбедат видливоста на:
– UN Women,
– Хелсиншкиот комитет за човекови права,
– проектот “Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia”.
8. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
- Образецот за пријавување (апликација) (македонски);
- Образец за предлог – буџет (македонски);
- 3. Тековна состојба (≤ 6 месеци);
- 4. Статут на организацијата
- 5. Годишен наративен извештај за работа и финансиски извештај, за 2024 година;
- 6. Потврда за активна банкарска сметка;
- 7. Доказ за претходно искуство (изјава, табела);
- 8. CV на клучен персонал.
9. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
- Технички пристап (максимум 50 поени)
- Усогласеност на идентификуваните потреби и проблеми со целите на проектот и приоритетите на повикот (25 поени)
- Квалитет на предложените активности (10 поени)
- Квалитет на предложените активности – Јасност, логичка поврзаност и изводливост на предложените активности (10 поени)
- Организациски капацитет и претходно искуство (максимум 30 поени)
- Организации или клучни лица со релевантно искуство во работа со жени и локални заедници (10 поени)
- Искуство во области поврзани со родово-одговорно буџетирање, женски права или локални политики (10 поени)
- Минимум 1 година активно искуство во работа како организација (5 поени)
- Административен, финансиски и управувачки капацитет (5 поени)
- Предлог-буџет (максимум 20 поени)
- Економичност и финансиска ефикасност (10 поени)
- Поврзаносот помеѓу програмскиот дел и буџетот (10 поени)
10. РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните организации за овој повик потребно е да ја достават потребната документација на следната електронска адреса tona.kareva@mhc.org.mk со назнака „ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОД-ГРАНТОВИ“ најдоцна до 15 декември 2025 година, до 23.59 часот.
За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот мејл најдоцна до 08.12.2025. Апликациите кои нема да ја содржат комплетната документација, нема да бидат земени во предвид. Комисијата за избор ќе ги извести организациите кои добиле грант најдоцна 15 дена по завршувањето на крајниот рок за аплицирање.