Пријави повреда на избирачко право!
октомври 31, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 2 ноември, 2025 година, можат да пријавуваат повреда на избирачкото право за време на вториот круг на Локалните избори.
Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот на телефонските броеви: 02-3119-073 и 072-278-436
Покрај телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право.
Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност.
Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата.


