На ЕУ Академијата младите се стекнаа со нови знаења за улогата на Европската унија во заштитата на човековите права

септември 2, 2025

Во текот на тридневната програма, од 11 до 14 август, во Охрид младите учесници на возраст од 18 до 26 години, имаа можност да се стекнат со нови знаења и практични вештини поврзани со човековите права, евроинтегративниот процес и улогата на младите во градењето на поправедно и инклузивно општество.

Академијата овозможи критичка дискусија за човековите права, како и за улогата на Европската унија во заштитата на владеењето на правото. Преку симулациска вежба, учесниците се најдоа во улога на институции на ЕУ, државни институции, граѓански организации и медиуми, преговарајќи за пристапувањето на земјата во ЕУ низ призмата на човековите права.

Програмата беше комбинација на предавања од експерти  (Зорана Антевска, Сандра Анастасовска Кузмановски), практични симулации и структурирани дискусии, со цел младите да развијат вештини за застапување, дипломатија, соработка и решавање конфликти.

Во рамките на академијата се обработуваа темите:

  • Институции и улога на ЕУ,
  • Легислатива на ЕУ,
  • Патот на Република Северна Македонија во ЕУ,
  • Предизвици и закани со фокус на човековите права,
  • Комуникациски стратегии при справување со предизвици,
  • Симулација на Европски Совет.

На крајот на обуката, учесниците добија сертификати за успешно завршена програма.

Со оваа академија, Хелсиншкиот комитет ја потврдува својата заложба за активно вклучување на младите во процесите на заштита и унапредување на човековите права и нивната улога во европските интеграции на земјата.

ЕУ академијата за млади се одржа во рамките на проектот „Фундаменталните човекови права на прво место – активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија.