ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/КА за изготвување на истражување за видео надзор и цензура во Република Северна Македонија

септември 4, 2024

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот ,,Надзор и цензура во Западен Балкан”, финансиран од страна на здружението Балканска истражувачка регионална мрежа (БИРН) поддржано од Фондациите Отворено Опшество на Босна и Херцеговина има потреба од ангажирање на истражувач/ка за спроведување на истражување за видео надзор и цензура во Република Северна Македонија,

Истражувањето треба да се изврши со предходна дадена методологија како и сите релеванти квалитативни и квантитативни елементи на истата.

Позиција: Експерт/ка за изготвување на истражување

 

Одговорности и задачи:

Експертот/та за подготовка на истражувањето ќе ги има следните задачи:

· Подготвување на анкетни листови за таргет групи;

· Да се здобие со репрезентативен примерок и адекватни квантитативни податоци

· Да направи анализа на податоци анкетните листови;

· Спроведување интервјуа;

· Добивање информации од релевантни институции и анализа на истите;

· Спроведување на деск-истражување за законска рамка;

· Да изготви финален извештај со заклучоци и препораки од добиените резулатати

 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ :

Ги повикуваме сите заинтересирани експерти во областа на дигитални права, видео надзор и цензура да ги достават CV и финансиска понуда не подоцна од 10.09.2024, на емаил адресата slavica.anastasovska@mhc.org.mk или преку архивата во канцеларијата на Хелсиншки комитет со наслов Екперт за истражување за видео надзор и цензура.

 

Скопје, 04. 09. 2024