Хелсиншки се подготвува за темелен мониторинг на условите во затворите
февруари 11, 2019
Хелсиншкиот комитет за човекови права започна со подготовки за систематизирано набљудување на условите во сите казнено-поправни установи во државата, со посебен фокус на почитувањето на човековите права и човековото достоинство на лицата кои издржуваат казна затвор. Комитетот ќе ги испрати извештаите од мониторингот до сите релевантни државни институции, со препораки за подобрување на состојбата во установите.
Во таа насока, од 7 до 9 февруари 2019 година во Скопје се одржа тридневен тренинг за подготовка на методологија за спроведување на мониторинг посети во казнено-поправните установи. Обучувачи беа експерти од партнерската организација Косовски центар за рехабилитација на жртви од тортура.
Тренингот се спроведе во рамките на проектот „Живот зад решетки“, поддржан од страна на Амбасадата на САД.