Средба на CINGO делегацијата на Советот на Европа со претставници на граѓанскиот сектор и на владата

ноември 8, 2024

Во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, оваа недела, CINGO делегацијата на Советот на Европа одржа консултативни средби со претставници на невладиниот и владиниот сектор во Република Северна Македонија.

Главните тематски области кои беа опфатени на овие средби се родовата еднаквост, дискриминацијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Посебен фокус беше даден и на состојбата и условите на делување на граѓанскиот сектор, најголемите предизвици со кои се соочуваат граѓанските организации во земјава, како и можните решенија за премостување на тие предизвици.

Наодите од оваа посета, CINGO делегацијата ќе ги формулира во извештај, како и препораки за владата на  Република Северна Македонија.