Повик за аплицирање за Интервентен фонд

септември 23, 2024

Коалиција Маргини Ве повикува да аплицирате на Интервентниот фонд за микро-грантови во висина од максимум 5000 евра за поддршка на иницијативи за унапредување на правата на ЛГБТИК луѓето.  

Интервентниот фонд е стратешки создаден за брзо да одговори на итните потреби на ЛГБТКИ+ луѓето и формалните или неформалните организации и групи за време на итни случаи. Овој фонд служи како брзо, насочено решение за обезбедување итна поддршка во ситуации како што се дискриминација, насилство, правни предизвици и здравствени кризи. Нудејќи брз и флексибилен одговор, фондот има за цел да ги премости празнините во помошта каде што институционалните системи може да потфрлат, осигурувајќи дека оние кои се соочуваат со непосредна опасност или криза можат ефикасно и ефективно да пристапат до суштинска поддршка.  

Начин на аплицирање: 

Формалните и неформалните иницијативи кои работат на правата на ЛГБТКИ+ можат да поднесат концепт во кој ќе ги наведат нивните потреби за итна поддршка. Концептот треба да содржи: 

  1. Наративно резиме на акцијата: Концизен преглед на предложената акција за одговор при итни случаи, нагласувајќи ја нејзината усогласеност со правата на ЛГБТКИ+ и поширокото влијание што сака да го постигне. 
  1. Потреба за поддршка во итни случаи: Јасно артикулирани причини зошто иницијативата бара итна финансиска помош од Фондот за одговор при итни случаи. 
  1. Да наведе опис на организацијата или неформалната група. 
  1. Да наведе точни податоци за контакт на организацијата или неформалната група.  

Концептот треба да биде поднесен електронски на адреса: koalicijaszpmz@gmail.com со назнака во subject: Апликација за Интервентен фонд 

Овој повик е тековен и нема временски ограничувања.