Скопска парада на гордоста 2024: Спектакуларно непослушни!
јуни 23, 2024
Петтата по ред Парада на гордоста/Скопје Прајд, годинава се одржа на 22 јуни под мотото „Спектакуларно непослушни!“
„Родители, додека општествените правила ви налагаат да се срамите и да ги отфрлате вашите деца, бидете спектакуларно непослушни, прифатете ги какви што се и бидете горди на нив. Кога ќерка ми се охрабри да каже дека е трансродова, го срушивме најдебелиот ѕид меѓу нас што ме попречуваше да ја запознаам целосно и вистински. Претходно предолго гледав како моето весело дете се претвора во исплашена и повлечена тинејџерка. Нејзиното „излегување од шкафот“ го дочекав со радост и големо олеснување што, пак, помогна веднаш да исчезнат сите нејзини грижи и стравови и да ми се врати детето кое го знаев отсекогаш. Родители, додека општествените правила ви налагаат да се срамите и да ги отфрлате вашите деца, бидете спектакуларно непослушни и прифатете ги какви што се и бидете горди на нив“.
Таа рече и дека е многу среќна што во време кога хомофобијата и трансфобијата дивеат, ЛГБТ заедницата покажува дека нема да се повлече во четири ѕида.
-По петти пат храбро покажуваме дека припаѓаме во овој свет, по петти пат ги славиме нашите животи кои и тоа како се вредни да ги живееме. Многу тинејџери живеат во страв од своите родители и се соочуваат со отфрлање, слушаат од своите соученици и професори дека не се вредни да постојат и дека не треба да ги има. Драги деца, не е во ред да живеете во страв и изолација додека вашите цис хетеро врсници го живеат тинејџерството до максимум. Не е фер од вас да се бара неизмерна сила и храброст само за да живеете и преживеете во вашите семејства. Знајте дека без разлика што зборуваат возрасните околу вас, вашите идентитети се вистински и валидни. Кога родителите одбиваат да ве прифатат, сакам да знаете дека тоа не е ваша вина, вашето постоење е бесценето и ја заслужувате целата љубов и поддршка на светот. Во најтешките моменти, кога се чувствувате најосамено и кога боли до врескање, сакам да знаете дека не сте сами, дека постои една цела заедница која е тука да ве поддржи, истакна мајката на трансродовата тинејџерка.
На учесниците им се обрати и Рита Бехадини, активискта и феминистка.
Поддршка на годинешниот „Скопје Прајд“ дадоа Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, Совет на Европа, Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, Стокхолм Прајд, Амбасадата на Франција во Македонија, Кин енд Карта – Северна Македонија, Брејнстер за изработката на визуелниот идентитет, а особено нивниот студент Имер Салиу и Министерството за одбрана на РСМ.
Видео: Сител