Обука за јавни обвинители и судии за човековите права кои се релевантни за ЛГБТИК+ заедницата и нивна примена во домашната пракса

јуни 17, 2024

На 12 јуни, 2024 година, во соработка со Академијата за судии и обвинители во Скопје, се одржа обука на обучувачи за меѓународните стандарди за заштита на човековите права и судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Станува збор за стандарди кои се релевантни за ЛГБТИК+ заедницата и нивна имплементација во домашната пракса, првенствено говорот на омраза и дела од омраза.

Обучувачки беа Наташа Петковска и Славица Анастасовска, правни советнички во Хелсиншкиот комитет за човекови права на РСМ.

Оваа обука ја исполни примарната цел да се обучат обучувачите на Академијата за судии и јавни обвинители за подобрување на пристапот до правда за ЛГБТКИ+ лицата. Обучувачките ги опремија  судиите, јавните обвинители и адвокатите со потребното знаење, како и со алатки за ефикасно справување со насилството мотивирано од омраза и кршењето на правата на заедницата.

Исто така, беа исполнети и целите на обуката за подигнување на свесноста со увид во меѓународните механизми и судската практика  за правата на ЛГБТКИ+ поединците и за обврските на државата да ги заштити од говор на омраза и злосторства од омраза.

Преку сеопфатен преглед на меѓународните стандарди и домашното законодавство, како и практични студии на случаи од Европскиот суд за човекови права, учесниците добија можност за подлабоко разбирање на правните рамки и преседани релевантни за справување со говорот на омраза и злосторства од омраза насочени кон ЛГБТКИ+ лицата.

Понатаму, со вклучување во групни вежби и дискусии, учесниците имаа можност да го применат стекнатото знаење во својата работа, а со тоа да ја зголемат нивната способност за ефективно да ги идентификуваат, истражуваат и решаваат овие случаи.

Дополнително тие имаа можност да се здобијат со темелно разбирање на меѓународните стандарди за човекови права и судската пракса кои се однесуваат на правата на ЛГБТКИ+ лицата, со фокус на говорот на омраза и злосторствата од омраза.

Како резултат на оваа обука, јавните обвинители и судиите, освен што можат да го пренесат своето знаење, ќе можат да ги идентификуват празнините и предизвиците во домашното законодавство и практиките во однос на заштитата на ЛГБТКИ+ лицата од злосторства од омраза и говорот на омраза. Тие развија и практични вештини и стратегии за примена на меѓународните стандарди и правни преседани во нивната секојдневна работа како судии и јавни обвинители.

Обуката е дел од проектот за пристап до правда и човекови права, финансиски поддржан од УСАИД, а имплентиран од страна на Коалиција Маргини во партнерство со Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје, Хера и Еквалис. Обуката за обучувачи се одржа во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.