Хелсиншки: Пријави за ширење меѓуетничка омраза на вчерашната прослава

јуни 3, 2019

Во врска со вчерашната прослава на европскиот успех на ракометниот клуб „Вардар“,  до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнале голем број пријави за регистриран говор на омраза од навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми. Исто така, забележан е говор на омраза и во другите градови во државата. Сите пријави се уредно регистрирани од страна на Комитетот, по што ќе следи соодветна реакција до надлежните институтции, соопштија од Хелсиншки.

-Најголем број од пристигнатите пријави се однесуваат на говор на омраза врз етничка припадност. Така на пример, на градскиот плоштад беше скандирано “Нека разберат клетите шиптари. Чиста Македонија. Гасна комора” и друг навредлив и дискриминаторски говор. Со ова се предизвика радзор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик.

Хелсиншкиот комитет најстрого го осудува поттикнувањето на насилство и предивикувањето на меѓуетничка омраза. Ги охрабруваме сите граѓани кои во текот на вчерашниот ден беа сведоци и/или жртви на говор и/или дела од омраза да го пријават својот случај во Хелсиншкиот комитет и на www.govornaomraza.mk.

Од Хелсиншкиот комитет упатуваат апел до Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да ги истражат овие случаи и да ги преземат сите мерки согласно позитивните законски прописи. И понатаму ќе се следат настаните поврзани со вчерашните навредливи и дискриминаторски скандирања и редовно ќе се известуваат надлежните институции за понатамошно постапување и санкционирање на овој крајно негативен феномен.