Хелсиншки комитет учествуваше на годишната недела на застапување за родова еднаквост во Брисел
ноември 22, 2023
Од 14 до 17 ноември, во Брисел се одржа годишната Недела на застапување, на која покрај другите организации од Република Северна Македонија од областа на родовата еднаквост, учествуваше и Хелсиншкиот комитетза човекови права кој го претставуваше правната советничка Наташа Петковска. Таа се осврна на антиродовоите движења и политичката нестабилност во државата и регионот. Родово базираното насилство кое не е препознаено од страна институциите. Таа истакна дека во состојба на криза во државата најзасегнати се правата на жените и правата на маргинализираните групи меѓу кои и ЛГБТИ заедницата.
Нивната заедничка порака е гласна и јасна: „правата на жените и родовата еднаквост треба да имаат свое место во преговорите и цврсто веруваме дека не треба да има компромис за овие прашања во однос на другите политички дискусии“.
Што е најважно, целокупното чувство што произлезе од конференција е огромната солидарност меѓу колегите феминистки и бранителите на човековите права од регионот. „Таквата колективна сила е она што нè поттикнува и не одржува да се бориме во овие прилично предизвикувачки времиња“, порачаа активистите од Брисел.