ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ за одржување на дводневна обука за зголемување на знаења во областа на препознавање, пријавување и справување со говорот на омраза

март 8, 2023

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија” финансиран од страна на Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, oбјавува повик за ангажирање на еден експерт за одржување на дводневна обука за зголемување на знаења во областа на препознавање, пријавување и справување со говорот на омраза.

Главната цел на проектот е да се зајакне ефективниот механизам за заштита на правата на граѓаните во Република Северна Македонија при практикување на слободата на изразување и борба против говорот на омраза во согласност со меѓународните и европските стандарди. Влијанието на акцијата е специјално дизајнирано да овозможи синергија помеѓу работата на секторот на ГО и релевантните институции како заштитни механизми од говор на омраза врз основа на собирање податоци и директен ангажман со избраните целни групи. Ова ќе се постигне преку отворен политички дијалог со цел да се обезбеди посветеност на Владата за понатамошно подобрување на целокупната ситуација преку оперативно и институционално зајакнување на капацитетите за справување со говорот на омраза во согласност со најдобрите европски практики. За овој феномен, според нашето сопствено искуство, од суштинско значење е да се има независен механизам за надзор кој ќе произведува податоци засновани на докази, ќе обезбеди правна помош за потенцијалните жртви и ќе обезбеди едукациска програма за обука за националните институции.

Оваа обука е насочена кон зајакнување на капацитети на граѓански организации кои се дел од програма за регрантирање на Хелсиншкиот Комитет како дел од горенаведениот проект. Целта на оваа обука е да ги зголеми знаењата на учесниците со основите на говор на омраза, разбирање што значи говорот на омраза и запознавање со релевантната законодавна рамка, како и препознавање на истиот во различни можни сценарија. Исто така, има за цел да ги обучи за регистрација, собирање на докази и пријавување до надлежни институции.

Позиција: Експерт/ка обучувач/ка за одржување на дводневна обука за зголемување на знаења во областа на препознавање, пријавување и справување со говорот на омраза

Одговорности и задачи:

Експертот/та обучувач/ка ќе ги има следните задачи:

· Подготовка на концепт и методологија за обуката

· Утврдување на целите на обуката

· Подготовка на пред и по тестови

· Подготовка на писмени материјали и вежби за проширување на знаењата

· Експертот/ка се ангажира во периодот 21.03.2023 – 23.03.2023, со вклучени 6 работни денови

· Соработува со координаторот на проект и експертскиот проектен тим;

· Испорачува материјали за работа најдоцна до 20.03.2023 год. до координаторката на проект

· Испорачува резултати од тестовите најдоцна до 30.03.2023 год.

Спроведување на активностите

За изработка на Анализата предвиден е надоместок во бруто износ од 900 евра (во денарска противредност) во бруто износ за целокупниот ангажман. Исплаќањето ќе се врши по завршувањето на обуката и доставените документи. Патните трошоци и сместувањето се на товар на организаторот.

РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Образование:

· Напредно универзитетско или магистерски степен/докторски во правни науки

Професионално искуство:

· Минимум 5 години релевантно професионално искуство во областа на проблематиката со говорот на омраза и човековите права со особен фокус на маргинализираните групи на граѓани

· Минимум 3 години во подготовка и реализација на обуки од областа на легислативата поврзана со говорот на омраза, негово препознавање, пријавување

· Минимум 3 години работа со различни маргинализирани групи

За пријавување кандидадот/ка треба да достави професионална биографија со наведени референци за работата во полето на говорот на омраза, легислативата и практичното препознавање, пријавување, собирањето на докази и справувањето со случаи на говор на омраза, со фокус на маргинализирани групи.

Краен рок за доставување на апликациите е најдоцна до 16.03.2023 година до 16.00 часот. Апликациите треба да се достават на следните електронска адреса: elena.petrovska@mhc.org.mk со наслов „Пријава за Обучувач/ка за говор на омраза“. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот мејл. Апликациите кои нема да ја содржат комплетната документација, нема да бидат земени во предвид.

 

Скопје, 13.03.2023

Оваа активност се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хелсиншкиот Комитет за човекови права, и под ниеден услов не ги рефлектира ставовите и позицијата на Европската унија.