Повик за ангажирање на набљудувачи на судски постапки во Скопје, Куманово и Гостивар

септември 8, 2022

Хелсиншкиот комитет за човекови права за потребите на проектот „Подобрување на пристапот до правдата во Северна Македонија“ поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Италија, за потребите на проектот објавува оглас за ангажирање на пет набљудувачи на судски постапки во пет градови, и тоа:

(2) двајца набљудувачи на судски постапки во Скопје;

(1) еден набљудувач на судски постапки во Куманово;

(1) набљудувач на судски постапки во Гостивар;

 

Теми кои ќе бидат опфатени со мониторингот согласно работата на Хелсиншкиот комитет за човекови права:  работни односи, семејно и родово базирано насилство, семејни односи, социјална заштита, дискриминација, кривични дела против животот и телото, говор и дела од омраза;

Кандидат(к)ите за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование – Дипломиран/а правник/чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС,
  • Познавање и работење во Microsoft Word и Microsoft Excel,
  • Познавање на следните закони и конвенции:
  • Законот за кривичната постапка;
  • Законот за парнична постапка;
  • Кривичниот законик;
  • Законот за спречување и заштита од дискриминација;
  • Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство;
  • Законот за работните односи и
  • Европската конвенција за човекови права;

 

Од избраните кандидати/ки се очекува:

  • Да се придржуваат до принципите на објективност, непристрасност и доверливост во следењето на судските рочишта,
  • Да присуствуваат на предвидените обуки за набљудувачи за мониторинг на судски постапки кои ќе организира Хелсиншкиот комитет за човекови права,
  • По секое судско рочиште да пополнат извештај за текот на главната расправа (на претходно доставен образец).

Времетраење на ангажманот: Кандидатите се избираат за ангажман во времетраење од 3 месеци. Ангажманот ќе започне од 15.09.2022 година.

Потребни документи за аплицирање и начин на доставување: Заинтересираните кандидати треба да испратат професионална биографија (CV) не подолга од 2 страници во pdf формат на македонски јазик со прилог скенирано уверение/диплома  за завршениот степен на образование на е-маил адресата: zoran.vasileski@mhc.org.mk со назнака „Апликација за набљудувач на судски постапки“.

Рок за пријавување: Заинтересираните лица треба да аплицираат најдоцна до 11.09.2022 година. По првичната проверка на пристигнатите пријави ќе се изврши селекција на кандидати кои ќе бидат повикани на интервју (преку Зум платформата). Сите кандидати ќе бидат известени за исходот од процесот на селекција не подоцна од 14.09.2022 година.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе формира Комисијата за селекција и избор по примените апликации. Ненавремените и нецелосни апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе врши избор во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас по што ќе донесе одлука за избор.


Надомест и динамика:

Динамиката на следење на судењата ќе се утврди со секој/а кандидат/ка поединечно, во зависност од потребите на Хелсиншкиот комитет за човекови права и можностите на кандидатот/ката. Оваа активност предвидува паричен надомест од 80 евра во денарска противвредност за реализирани 8 часа мониторинг на судските рочишта. Овој дел детално ќе се уреди во Договорот за ангажман.