Повик за граѓански организации

февруари 24, 2022

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на локалните организации за застапување на родова еднаквост”   финансиран од страна на Европската Унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка  (СИДА), oбјавува повик за изразување на интерес за партиципирање во проектот од страна на локални организации кои работат во областа за родова еднаквост.

Избраните организации ќе имаат можност да учествуваат во активностите на овој проект, со тоа што ќе учествуваат на обуки за застапување пред ЕУ институции и други меѓународни институции, обука и шест месечно менторство за идентификување на извори на потенцијални повици, изработка и поднесување на проектни апликации. Преку обуките и менторството организациите ќе имаат можност да ги зајакнат сопствените капацитети за идентификување на проблеми во локалната заедница/општеството, креирање на стратегии за нивно надминување на мониторирање на процесите и нивно пресликување во проектни активности како и евалуација на промените.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ

Активностите од овој ангажман ќе се реализираат во периодот од 15.03.2022 до 15.12.2022 година, во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните организации за овој повик потребно е да достават писмо со кое ќе изразат интерес за учество на македонски или англиски јазик, тековна состојба и последен Годишен извештај на следната електронска адреса:   slavica.anastasovska@mhc.org.mk  со назнака „Пријава за учество во активности за ЕУ застапување“ најдоцна до 11 април (понеделник) 2022 година. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот мејл.

 

 

 

Проектот „Зајакнување на локалните организации за застапување на родова еднаквост” имплементиран од Хелсиншки комитет за човекови права е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).

Овој документ е создаден со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Хелсиншки комитет за човекови права и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.