Градење капацитети на граѓанските организации за изработка на GREVIO извештај во сенка
февруари 17, 2022
Целта на проектот беше зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за конзистентен мониторинг на имплементацијата на Истанбулската конвенција, особено во однос на мониторирање и застапување базирани на докази, известување до ГРЕВИО Комитетот и координација на граѓанските организации кои работат во областа на елиминирање на сите форми на насилство врз жените. Преку реализирање на овој проект Хелсиншкиот комитет придонесе во креирањето на соодветна легислатива и политичка средина во согласност со меѓународните стандарди (Истанбулска конвенција и CEDAW) за елиминирање на сите форми на насилство врз жените и на сите форми на дискриминација. На овие прашања Хелсиншкиот комитет работеше со организациите – членки на Платформата за родова еднаквост, кои се активни во областа на родовата еднаквост и заштитата на женските права.