Повик за ангажирање на автор/ка на документ за јавни политики

февруари 10, 2022

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Changing policies, challenging perspectives”, кој го спроведува преку грант обезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи, oбјавува повик за ангажирање на автор/ка на документ за јавни политики, во областа на родово базирано насилство.

 

На овој повик може да се пријават и авторски тимови од најмногу три автори/ки.

 

 ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

Овој ангажман се состои во спроведување на следните активности:

  • Подготовка на документ за јавни политики во областа на родово базирано насилство;
  • Јавно презентирање на документот на настан, кој ќе биде организиран од страна на Хелсиншкиот комитет.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Активностите од овој ангажман ќе се реализираат во периодот март – април 2022 година, во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет.

 

НАДОМЕСТ ЗА АНГАЖМАНОТ

Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 1.500 евра.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршени магистерски студии во областа на општествени науки;
  • Искуство во областа на родова еднаквост (најмалку 3 години);
  • Искуство во пишување на слични документи, извештаи, анализи;
  • Добро познавање на меѓународните правни инструменти и домашните закони во областа на родова еднаквост, заштита од родово базирано насилство и дискриминација.

 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати/ки за овој повик потребно е да достават следните документи:

  • Професионална биографија (CV) на македонски или англиски јазик и,
  • Апстракт (до 500 зборови) на македонски јазик во кој ќе ја претстават темата која е цел на обработка во документот за јавни политики, како и предлог методологијата на подготовка на документот. Во апстрактот треба јасно да биде наведена важноста на темата за областа на родово базирано насилство, како и релевантноста на предложениот пристап за подготовка на документот. Документот треба да се базира на пристап базиран на докази и да послужи како инстумент за понатамошно застапување во областа на политики за родово базирано насилство.

 

Пријавите ќе бидат оценувани врз основа на исполнување на условите за потребни квалификации и релевантноста на предложената тема за областа на родово базирано насилство и за работата на Хелсиншкиот комитет.

Документите треба да бидат доставени на следната електронска адреса: bojana.jovanovska@mhc.org.mk  со назнака „Автор/ка на документ за јавни политики“ најдоцна до 4 март (петок) 2022 година. Во случај на пријавување на тим на автори/ки потребно е биографиите на сите членови на тимот да бидат пратени во еден мејл од страна на еден од членовите на тимот и истото да биде јасно назначено во самиот мејл. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот мејл.