Промоција на Извештај од истражувањето на влијанието што мерките за справување со ковид-19 го имаат врз човековите права на маргинализираните заедници

јуни 7, 2021

Онлајн промоцијата на Извештајот од истражувањето на влијанието што мерките за справување со ковид-19 го имаат врз човековите права на маргинализираните заедници на 11 јуни 2021 г., со почеток од 10 часот, на онлајн платформата ZOOM. На настанот можете да се приклучите тука, а поддолу може да ги најдете поканата и агендата за промоцијата.
На промоцијата ќе се презентираат клучните наоди од истражувањето и ќе се отвори дискусија за влијанието што пандемијата и донесените мерки за справување со нејзе го имаат врз правата на маргинализираните заедници.
Здруженијата од Мрежата за заштита од дискриминација во текот на пандемијата активно работеа со маргинализираните заедници за кои се застапуваат, ги мапираа потребите, предизвиците и ефектите и предлагаа решенија за олеснување на ефектите од пандемијата врз нив.
Врз основа на истражувањето се добија релевантни заклучоци и препораки за поуспешна заштита на правата и пресретнување на потребите на маргинализираните заедници во услови на криза, но и надвор од неа.
Резултатите и препораките од истражувањето ќе бидат јавно презентирани на овој настан и ќе служат за застапување засновано врз докази, за унапредување на гарантирањето и заштитата на човековите права на маргинализираните групи, преку унапредување на политиките, практиките и капацитетите на институциите.

Документи