Месечен извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во РСМ – март/април 2021
мај 19, 2021
Овој период го одбележа зголемен говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи. Говорот на омраза беше поттикнат од зголеменото присуство во медиуми, кое понатаму беше основа за навредувачки и понижувачки пораки споделени на социјалните мрежи. Истовремено, забележано беше придвижување во насока на правно признавање на родот, со донесување на предлог – измени во Законот за матична евиденција од страна на Владата, со цел да се овозможи полесно и побрзо остварување на правата и менување на родот за трансродовата заедница.
Извештајот за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија за март и април 2021 година е прикачен подолу: