Повик за пријавување на учесници на „МЛАДИНСКА КВИР УЧИЛНИЦА 2021 – ПРОЛЕТНО ИЗДАНИЕ“
април 26, 2021
ЛГБТИ Центарот за поддршка ве повикува да се пријавите на „Младинската Квир Училница 2021 – пролетно издание“, која ќе се оддржи во периодот од 11 до 14 мај 2021 година. Поради превентивните мерки за заштита од Ковид-19, работилницата ќе се одржува онлајн на платформата ZOOM.
На работилницата може да се пријават млади на возраст од 18 до 30 години. Целта на училницата е да ги зголеми знаењата на младите во областа на човековите права, застапувањето и активното граѓанство, а со фокус на ЛГБТИ правата, глобалното и националното ЛГБТИ движење, делувањето во насока на унапредување на правата на ЛГБТИ движењето на локално ниво и национално ниво. Покрај наставните содржини ќе имате можност да учите преку разни вежби и креативни активности. Предавачи на школата ќе бидат ЛГБТИ активисти и експерти во областа на човековите права, а тимот на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на училницата.
За учество во школата нема да е потребен каков било надомест од страна на учесниците. За учество во школата ви е потребен само компјутер и стабилен интернет приклучок. Работилницата ќе се одвива во наведените датуми во попладневните часови (после 17 часот). Работилницата ќе биде на македонски јазик.
Ги охрабруваме младите лица на возраст од 18 до 30 години, без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност и националност, верско уверување, попреченост или која било друга основа да се пријават на овој повик.
Повикот ќе биде отворен за пријавување до 07.05.2021 година, а можете да се пријавите со пополнување на пријавата на следниов линк.
Вашите прашања во врска со работилницата испратете ги на е-маил: ljubomir.faizov@lgbti.mk, со наслов (Subject) „Младинска Квир Училница 2021 – пролетно издание“.
„Младинската квир училница 2021 – пролетно издание“ е дел од проектот Млади артивисти за промена (МАП), кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.