Одржана Пролетна академија за млади во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права
мај 27, 2019
Пролетната академија за човекови права донесе 22 студенти во Извидничкиот центар во Охрид, во периодот од 20.05.2019 до 26.05.2019 година, со различни профили и интереси. Користената методологија се базираше на принципот на неформалното образование, практични вежби, критички историски осврт и простор за дискусии и дебати.
Во рамките на Академијата, учесниците имаа можност да работат на реални случаи во кои се случиле повреди на човековите права. Користените примери се добиени од секојдневната работа на Хелсиншкиот комитет и нашите партнерски организации во рамките на проектите, вклучително дискриминација по различни основи, говор на омраза и злосторства од омраза, семејно насилство, кршење на работничките права и кршење на правата на ЛГБТИ лицата. Преку овие практични вежби учесниците беа охрабрени да размислуваат критички и да препознаваат кршење на човековите права во различни области, како и да почнат да размислуваат во која насока тие би сакале да работат и дејствуваат, особено со оглед на фактот што повеќето од учесниците беа студенти по право, или сродни општествени науки.
Вечерниот дел и слободно време од Академијата беа резервирани за филмски вечери проследени со дискусии, издвиднички игри и екскурзии.