Оглас за правна советничка или правен советник
септември 7, 2020
Шифра на огласот:
Работно место: Правна советничка/Правен советник
Краен рок: најдоцна до 24 септември 2020 година, 23:59 часот
Адреса за поднесување документација: helkom@mhc.org.mk
ОГЛАС ЗА ПРАВНА СОВЕТНИЧКА ИЛИ ПРАВЕН СОВЕТНИК
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија објавува оглас за вработување на Правен(а) советник(чка)
Опис и работни задачи:
- Учествува во давање бесплатна правна помош;
- Го следи текот на предметите во кои е ангажиран;
- Ги следи сите фактори кои може да влијаат во исходот на случаите како промена на позитивното законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;
- Дава иницијативи и мапира нови донатори за проекти поврзани со владеење на правото и кривичната правда;
- Ги подготвува дописите и соопштенијата до јавноста и презема активности поврзани со медиуми и социјални мрежи, а во врска со неговите/нејзините активности;
- Одржува комуникација со координаторот и му стои на располагање за било какви информации во врска со имплементација на проектите;
- Учествува во изготвување на извештаите до донаторот на проектите;
- Дава насоки за организирање настани, конференции и прес-конференции;
- Постапува во случаите за кои се води стратешко застапување;
- Учествува во застапување и комуницира со институции ;
- Учествува во подготовка на месечни и годишни извештаи, анализи и други публикации.
Потребни квалификации:
- Дипломиран/а правник/чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС;
- Најмалку три години работно искуство во вршење на правни работи;
- Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
- Компјутерски вештини;
- Напредни организациски и комуникaциски вештини.
Како предност ќе се смета:
- Искуство во областите владеење на правото, правосудство и кривична правда
- Завршени постдипломски студии;
- Положен правосуден испит;
- Познавање на уште еден странски јазик;
- Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници;
- Познавање на законската регулатива за остварување на работнички права;
- Развиено чувство за работа со жени-жртви на насилство и жртви на семејно и родово базирано насилство.
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV), во должина од најмногу две страници, како и мотивациско писмо, во должина од најмногу една страница. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 24.09.2020 година до 23:59 часот (GMT+1). Апликациите задолжително гласат на име „Оглас за правен/правна советник/советничка“ и сите документи се поднесуваат во pdf. формат.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 28.09.2020, најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат известени дека ги исполнуваат условите за влез во втората фаза на изборот.
Во зависност од добиените апликации и потребите на канцеларијата, Хелсиншкиот комитет го задржува правото да спроведе тестирање како посебна фаза при изборот, за што благовремено ќе ги извести кандидатите. Тестирањето се спроведува писмено преку документ со три прашања, кој кандидатите го пополнуваат и во рок од 90 минути, одговорените прашања ги праќаат електронски на наведената адреса, за полагањето не е потребно физичко присуство во канцелариите на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Последната фаза е усно интервју. Согласно резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција. За сите фази се составува финална ранг листа врз основа на која, доколку избраниот кандидат ја одбие понудената работна позиција, се одлучува за наредниот најдобар избор се додека не се избере соодветен кандидат/ка. Во секој случај, изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 45 дена од истекот на крајниот рок за пријавување.
Договор за вработување:
Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на период од 3 (три) месеци, со можност за трајно продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. Месечната плата за полно работно време е 30.000,00 денари нето (45.026,00 денари бруто), а таа може да расте во зависност од ангажманот во организацијата. Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.