Corner Извештаи

Состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово за периодот 27.03.2017– 31.03.2017 година 04 Април 2017

Неделниот извештај за состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово ги опфаќа темите: Просторни капацитети и услови во кампот, Институционално постапување, состојбата во Прифатните центри и Нерегуларната миграција, за периодот 27.03.2017 – 31.03.2017 година и може да се преземе на следниов линк.  

Гевгелија 

Просторни капацитети и услови

Бројот на бегалци во почетокот на седмицата се намали на 14, поради заминувањето на една жена со потекло од Ирак и нејзиното бебе. 

Намален е бројот на хигиеничари кои се ангажирани во кампот. 

Во текот на овие денови посети во кампот остварија вискоки претставници на ИОМ и ОБСЕ. 

Во кампот пристигнаа полициски службеници од Република Чешка. 

Институционално постапување

Првиот ден од седмицата е донесено малолетно лице со потекло од Алжир, кое неколку дена беше сместено во болница во Гевгелија, поради дехидратација. На детето му е назначен старател- социјален работни од Министерството за труд и социјална работа. По неколку дена, детето е пренесено во безбедносната куќа во Скопје. 

На 30.03.2017 година, во кампот е донесен еден бегалец со потекло од Сирија, кој бил затекнат во Струмица. Според неговите кажувања, тој од Турција до Грција стигнал со помош на криумчари, на кои им платил 1400 евра, а потоа од Грција до Македонија стигнал сам, пеш. Во Македонија престојувал 4 дена, пред да биде пресретнат од полицијата. По испрашувањето и регистрирањето од страна на полицијата, тој е пренесен кон Грција. 

Куманово 

Просторни капацитети и услови

Бројот на бегалци за овие 4 дена се движи од 30 до 45. Во кампот постојано доаѓаат бегалци од надворешноста или заминуваат тие кои се згрижени во кампот. Варира и бројот на бегалци кои што престојуваат во околината на кампот. 

Институционално постапување  

На 27.03.2017 година, во кампот пристигнаа 14 бегалци со потекло од Алжир и Мароко, меѓу кои 8  малолетни лица. Во кампот се примени само малолетниците, а на полнолетните лица не им е дозволен пристап. 

На 29.03.2017 година во текот на ноќта се пристигнати 6 бегалци со потекло од Авганистан кои биле вратени од Србија. Истата вечер се пристигнати и 3 бегалци со потекло од Пакистан. Новите бегалци кои доаѓаат во кампот, а на кои им се дозволува привремен престој, спијат во големите шатори, на поставени душеци на земја. Наредниот ден, по наредба на полцијата, сите овие бегалци морале да го напуштат кампот.  

Бегалец со потекло од Алжир кој престојува во околината на кампот пренесе дека тој заедно со неколку пријатели со кои патувал, на 31ви март, биле нападнати и ограбени од вооружена група во близина на Куманово. Според негово мислење, напаѓачите се македонски државјани, а при нападот им биле одземени мобилни телефони и парични средства. 

Состојба во Прифатните центри во Република Македонија 

Бројот на бегалци во Прифатните центри е недостапен. 

Нерегуларна миграција 

Во текот на овој период, Министерството за внатрешни работи не регистрирало ниту еден кривично- правен настан поврзан со криумчарење мигранти или бегалците. 


 „Овој извештај е овозможен со поддршка на Фондацијата отворено општество (FOSI) во рамките на проектот „Подобрување на правната заштита за мигрантите и барателите на азил во Република Македонија“. Содржината на извештајот е одговорност на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и не ги изразува ставовите на FOSI.“

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo