Повик за изработка на кампања против дискриминација и говор на омраза
Проект: Промовирање на диверзитет и еднаквост во Северна Македонија
Спроведувач: Хелсиншки комитет за човекови права
Донатор: Совет на Европа
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Во рамки проектот “Промовирање на диверзитет и еднаквост во Северна Македонија” финансиран од страна на Советот на Европа, Хелсиншкиот комитет има потреба од изработка на кампања на социјалните медиуми. Целта на проектот е зајакнување на јавната свест на различните форми на дискриминација и говор на омраза во Република Северна Македонија, особено со фокус на маргинализираните заедници.
ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ
За потребите на проектот, ангажманот се состои од:
- Подготовка Сценарио за изработка на две креативни видеа за зајакнување на јавната свест за формите на дискриминација,
- Понуда на креативно решение за изработка на промотивни материјали (дигитални решенија, видеа, итн.),
- Изработка на два инфографици,
- Спроведување на кампањата согласно насоките на проектниот тим.
Изборот ќе го изврши комисија од Хелсиншкиот комитет. При евалуација на понудите ќе се цени понудениот концепт, брзината на испораката и креативното решение (врз основ на поднесената понуда).
Хелсиншкиот комитет за човекови права со избраната страна ќе склучи договор за испорака на услугата која е предмет на овој повик. Проектот предвидува компензација во вредност од $1000 УСД во денарска противвредност според средниот курс на US$ во однос на денарот на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на исплата. Динамиката на исплатата ќе се дефинира во договорот за услуги.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните за овој повик потребно е да достават биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Со оглед на материјата која е цел на анализа во рамки на овој проект, условите за пријавување се следниве:
- Предлог-концепт и сценарио за изработка на кампањата против говор на омраза,
- Предлог временска рамка за испорака и детален план за спроведување на предложените активности,
- Портфолио на претходни проекти (особено ќе имаат предност заинтересираните кои имаат претходно искуство во областа на изработка на кампањи поврзани со говорот на омраза),
Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: aleksandar.jovanoski@mhc.org.mk со назнака „Совет на европа-кампања за против говорот на омраза“ најдоцна до 28 септември 2020 година до 17:00 часот. За сите дополнителни прашања можете да се обратите во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на (2) 311 9073.
Po