август 17, 2021

Тримесечен информатор на Мрежа за заштита од дискриминација за периодот април-јуни 2021

Нееднаквиот третман кон определено лице или група на лица поради нивните лични карактеристики претставува дискриминација. Основите, видот и областите во кои дискриминацијата се забранува најдетално се опфатени со Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Прифаќањето на различностите и заштитата од дискриминација се многу важни за напредокот на секое општество. Од овие причини, Мрежата за заштита од дискриминација ги набљудува случаите на дискриминација, активностите на државата и останатите здруженија на граѓани во делот на превенцијата и заштитата од дискриминација. Информаторот ги прикажува податоците од набљудувањето во текот на едно тримесечје.
Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондација Отворено општество – Македонија.
Информаторот е финансиски поддржан од Фонцација Отворено општество Македонија во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници“.