СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА – МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЈАНУАРИ 2025
март 21, 2025

Содржина:
- Вовед
- Говор на омраза
- Дела од омраза
- Родово базирано насилство и семејно насилство
- Затворени институции
- Бесплатна правна помош
Неколку настани од областа на човековите права го одбележаа месец јануари 2025 година: Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагираше на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски да ја поврзе оваа платформа со партиски влијанија. Со сериозни аргументи против измените на Законот за јавни набавки, поддржани од ДКСК и ЕУ, Платформата побара Собранието да го осуди однесувањето на Стојаноски.
Неказнивоста, присутна со децении, повторно доведе до трагедија – во јануари, 2025 година, животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова. Сторителот, со повеќе тешки кривични дела, продолжил да учествува во сообраќајот без возачка дозвола, што укажува на сериозни пропусти на институциите.
Граѓаните се соочуваат со правна несигурност и недоверба во системот. Државата мора да преземе итни мерки против корупцијата и да обезбеди правда и сигурност.