Работничките права во време на коронавирусот бр.4
Во периодот од 29ти април до 15ти мај значително се намали бројот на пријави за најгруби прекршувања на работничките права. Бројот на пријави за противзаконски откази, принудни спогодбени раскинувања на договорите за вработување и неисплатени или намалени плати е намален во однос на сите три претходни периоди (сите три достапни во форма на инфографици). Хелсиншкиот комитет доби 12 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат исто толку работници. Сите информации во врска со прекршувањата, се достапни на инфографикот подолу.
Инфографикот е изготвен во рамки на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија’’, финансиран од Фондот за добро владеење на Британија. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Владата на Обединетото Кралство.