Податоци за криминалот од омраза, февруари 2013 – октомври 2020
декември 9, 2020
Овој извештај е резултат на проектот „Унапредување на човековите права“, кој е финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Проектот имаше цел да се занимава со прашањето за делата од омраза и говорот на омраза преку унапредено законодавство, подигнување на јавната свест, градење на капацитети и регистрирање на инцидентите сторени од омраза. Поконкретно, овој извештај е наменет да послужи како индикатор за опсегот, природата и зачестеноста на кривичните дела од омраза извршени во земјата.