Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1.10.2025 до 31.12.2025

април 7, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува мониторинг на постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) при заштитата од дискриминација на жените од маргинализирани заедници.
Овој мониторинг се спроведува во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиран од Цивика мобилитас, кој Хелсиншкиот комитет го имплементира во партнертство со ХОПС- Опции за здрав живот и Коалиција Маргини.
Период на следење 01.10.2025 до 31.12.2025
Во периодот на следење пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се поднесени 131 претставки за дискриминација од кои 49 се поднесени од страна на жени (од нив 10 се поднесени во име на дете на подносител и 2 во име на други лица).