Месечник за криминалот од омраза – април 2019

јуни 17, 2019

Во месечникот за април 2019 година регистрирани се 30 инциденти предизвикани од омраза, од кои 21 се сторени поради етничка припадност, 7 поради политичка припадност, за еден инцидент причина е религијата, а еден е предизвикан поради боја на кожа на жртвите. Повторно значителен дел од инволвираните лица како сторители и/или жртви се деца (лица под 18 години).

Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржува Хелсиншкиот комитет при регистрацијата и мапирањето на делата од омраза.