ноември 16, 2018

Месечен извештај за состојбата со човековите права – октомври 2018

Во октомврискиот месечен извештај за човековите права во Република Македонија нотирани се прекршувања на судењата за упадот во Собранието на РМ, дискриминација врз основа на физичка попреченост во пристап до работно место, како и случај на употреба на прекумерна сила и непрофесионално постапување на полициските службеници.

Во извештајот се констатира дека жртвите на семејно и родово базирано насилство се обесхрабруваат од неефикасните механизми за заштита. Во однос на состојбата со работничките права, покрај случаи на мобинг и прекршени одредби од ЗРО, се наведува и случај на пријава за прекршени права со позитивен епилог.

МEСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОКТОМВРИ 2018

СОДРЖИНА

СУДСКИ МОНИТОРИНГ

  • -Нотирани прекршувања насудењата за упадот во Собранието на РМ

ДИСКРИМИНАЦИЈА

  • -Дискриминација врз основа на физичка попреченост во пристап до работно место

СЕМЕЈНО И РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

  • -Жртвите обесхрабрени од неефикасните механизми за заштита

ПОЛИЦИСКО ПОСТАПУВАЊЕ

  • -Употреба на прекумерна сила и непрофесионално постапување на полициските службеници

РАБОТНИЧКИ ПРАВА

  • -Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Македонија

ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЧКИ

  • -Позитивен епилог на пријава за прекршени работнички права

ОКТОМВРИ 2018

СУДСКИ МОНИТОРИНГ

Нотирани прекршувања на Судењата за упадот во собранието на РМ

Хелсиншкиот комитет врши мониторинг на повеќе судски случаи меѓу кои и случајот за упадот во Собранието на РМ на 27.04.2018 година каде на 33 обвинети лица им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок по член 313 од Кривичниот законик. Од самиот почеток на оваа судска постапка, Хелсиншкиот комитет при вршење на мониторингот констатираше одредени повреди на постапката и правата на обвинетите. Најпрво реакцијата се однесуваше на нехуманиот третман на притворените лица во оваа постапка кога истите во првите неколку денови од судењето беа по цел ден оставени без храна и без вода. По соодветните реакции на набљудувачите од граѓанските организации и бранителите на обвинетите во притвор, судот реагираше и на притворените им беше овозможена храна и вода. Следно прекршување кое беше нотирано, се однесуваше на должината на траење на едно судско рочиште, имено имаше рочишта кои траеја и повеќе од 12 часа.

Последното нотирано прекршување на основните начела на постапката, беше повредата на начелото на јавност на постапката кога судот и покрај тоа што загрозениот сведок беше заштитен сведок и истиот се испитуваше според одредбите за распит – членови 228, 229, 230 и 338 од ЗКП, судот на барање на Основното јавно обвинителство ја исклучи јавноста од рочиштата на кои се испитуваше заштитениот сведок кои беа закажани за 16 и 17 Октомври.

За ваквата одлука на судот, Хелсиншкиот комитет објави јавна реакција-соопштение укажувајќи дека се повредува правото на фер судење и начелото на јавност на постапката како неизоставна компонента на ова право и како гаранција за фер и законито постапување на судовите. Хелсиншкиот комитет укажа и на тоа дека во иднина јавноста треба да биде исклучена само и единствено кога се исполнети условите изричито прецизирани во членот 354 од ЗКП и во ниеден друг случај.

ДИСКРИМИНАЦИЈА

Дискриминација врз основа на физичка попреченост во пристап до работно место

До Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати лице со телесна попреченост и потешкотии во движењето. Странката е вработена во друштво за хигиенско-технички услуги, а своите работни активности ги извршува во Министерството за транспорт и врски. Странката нè извести дека еден од лифтовите во Министерството не е во употреба и поради тоа ѝеограниченоправотонадвижење, аоттамуинепреченотоизвршувањенанејзинитеработниобврски.ПравниоттимнаХелсиншкиоткомитет, содопис, побараМинистерствотода го отстрани недостатокот. По одговорот од Министерството дека лифтот е поправен, Хелсиншкиот комитет доби сознание од странката дека лифтот функционира само од првиот кат на зградата, односно, сè уште постојат пречки за нејзиното непречено движење до првиот кат. Комитетот повторно се обрати до Министерството за овој пат да се отстрани вистинскиот недостаток и лифтот целосно да се пушти во функција.

Препорака: Апелираме Министерството за транспорт и врски да овозможи целосна пристапност за лицата со физичка попреченост. Недозволиво и неприфатливо е државна институција да биде непристапна за лица со физичка попреченост и со тоа да дава негативен пример за сите други државни и приватни субјекти.

СЕМЕЈНО И РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

ЖРТВИТЕ ОБЕСХРАБРЕНИ ОД НЕЕФИКАСНИТЕ МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА

Во текот на месец октомври во Хелсиншкиот комитет за човекови права четири лица пријавија дека се жртви на семејно и родово базирано насилство. Една од жртвите побара општа правна информација во врска со привремените мерки за заштита од семејно насилство. Правниот тим на Хелсиншкиот комитет ѝ објасни која е постапката за изрекување на мерките и кои мерки можат да се изречат против сторителот на семејно насилство, согласночлен 35 одЗаконотза превенција, спречување и заштита од семејно насилство.

Жртва пријави дека трпи насилство од страна на членови на нејзиното семејство. Претставници од Хелсиншкиот комитет ја придружуваат жртвата пред надлежните институции за пријавување на делото со цел заштитата на нејзиниот интегритет во постапката, помагање да се најде решение за нејзиниот случај како и обезбедување поддршка на жртвата. Жртвата е обесхрабрена да води судска постапка против сторителите на семејно насилство, а поради страв од директно соочување со нив на рочиштата.

До Хелсиншкиот комитет со барање за бесплатна правна помош се обрати и странка за заштита од семејно насилство од нејзиниот поранешен партнер. Странката трпи континуирано психичко и физичко насилство по прекинот на нивната врска. Поради тоа, Комитет ѝ обезбеди правно советување и правна помош на странката да поднесе предлог за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство до надлежниот суд. Предлоготбешеподнесенвојуни, 2018 година, ноодлукаодстрананаСудот сè уште не е донесена бидејќи има неуредна достава, односно противникот одбива да ја прими поканата за рочиште.

Препорака: Како и во изминатите месечни извештаи, повторно потенцираме дека соочувањето на жртвата со насилникот на судските рочишта е сè уште значаен недостаток во постапката за одредување привремени мерки за заштита, а имајќи го предвид ова, жртвите се обесхрабуваат да водат судска постапка против сторителите на семејно насилство. Дополнително, апелираме до Судот да го почитува начелото на итност на постапката согласно член 44 од Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и да донесе одлука без присуство на сторителот, а со оглед на тоа дека одложувањето на судските рочишта ја загрозува безбедноста на жртвата особено кога постои континуирано физичко и психичко насилство, закани по животот и демнење чиишто последици можат да бидат фатални.

полициско постапување

УПОТРЕБА НА ПРЕКУМЕРНА СИЛА И НЕПРОФЕСИОНАЛНО ПОСТАПУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

Во септември 2018 година две лица се обратија до Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија со наводи за пречекорување на полициските овластувања од страна на полициските службеници од полициска станица од општина Центар. Хелсиншкиот комитет со претставка го извести Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за овој настан. Одделот за внатрешна контрола по извршените проверки, врз основа на описот на случувањата и од извршениот увид во видео материјалот констатирал дека не е почитувана стандардната оперативна процедура за постапување со лица на кои им е ограничено правото на слобода на движење, со неоправдано присуство на полициски службеници во просторијата за разговор со задржани лица.

Исто така констатирано е дека во Полициската станица над задражаното лице од страна на полициски службеник е употребена физичка сила, полуга на десна рака како и повлекување на истата, без основ, бидејќи истото лице не пружало активен ниту пасивен отпор. а за тоа не е изготвен Извештај за употреба на средство за присилба, што е спротивно на членот 65-а од Правилникот за начин на вршење на полициските работи. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот иницирал постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во Министерството за внатрешни работи. За истиот настан Одделот го извести Основното јавно обвинителство заради нивно запознавање и постапување.

Препорака:Хелсиншкиот комитет го поздравува постапувањето на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во делот на утврдување на потешко кршење на работниот ред и дисциплина, но укажува дека покрај ова утврдено прекршување беа забележани и низа други прекршувања за кои Одделот не утврдил одговорност. Хелсиншкиот комитет ќе бара Одделот за внатрешна контрола повторно да изврши проверки за овој настан, со цел согледување на сите пропусти и пречекорувања од страна на полициските службеници како и нивно соодветно казнување.

РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Зголемување на продуктивноста преку подобрување на

законската рамка за работните односи воМакедонија

Во текот на месец октомври до Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија се обратија неколку работници поради повреда на нивните работнички права. Правниот тим на Комитетот им даде општи правни совети во однос на:

*можноста за поднесување жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во случаи кога се искористени сите домашни правни лекови во споровите за работни односи;

*условите за стекнување и начинот на користење на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок на невработените лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, од 2017 година; и

*остварување на правата кај работодавачот и отстранување на дејствијата со кои се кршат работничките права, согласно членот 181 од Законот за работните односи.

Во октомври 2018 година, работодавач усно му го откажал договорот за вработување на вработен во неговото претпријатие, искористувајќи ја неговата неинформираност во однос на условите за давање отказ. Хелсиншкиот комитет му ја посочи на работникот одредбата од член 74 од Законот за работните односи, која предвидува дека отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма. Со цел заштита на правата на работникот, правниот тим на Комитетот го извести Државниот инспекторат за труд за сторената повреда.

Тројца работници побараа бесплатна правна помош поради психичко вознемирување на работното место – мобинг. Нашиот правен тим даде иницијален правен совет за покренување судски работен спор и за правилата кои ја регулираат постапката. Во тек е и еден судски процес пред Апелациониот суд Скопје, за утврдување психичко вознемирување на работното место. Хелсиншкиот комитет го следи овој случај и реагираше поради тоа што второстепениот суд ја повредил законската обврска за одлучување во рок од 30 дена од приемот на жалбата.

Препорака: Постапката во споровите од работните односи е заснована врз начелата на приоритет и итност и иако судот има законска обврска, согласно членот 405 од Законот за работните односи, да обрне посебно внимание на потребата од нивно итно решавање, праксата покажува дека работните спорови траат премногу долго. Хелсиншкиот комитет апелира обврската за одлучување на првостепениот суд во рок од шест месеци, а на второстепениот суд во рок од триесет дена во работните спорови да биде правило, наместо исклучок. Истовремено, имајќи предвид дека мобингот е честа појава со сериозни последици, а досега има само една пресуда во Република Македонија со која се утврдува мобинг, Хелсиншкиот комитет посочува дека недостатокот на судска пракса во оваа област доведува до обесхрабрување на работниците да пријават психичко вознемирување на работното место.

ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЧКИ

Позитивен епилог на пријава за прекршени работнички права

Во насока на охрабрување на текстилните работнички и работници да пријавуваат случаи на прекршување на нивните права, Хелсиншкиот комитет го истакнува случајот со фабриката ХАТЕКС ДОО од Ресен, како позитивен пример на промена на однесувањето на работодавачот по извршените инспекциски надзори.

Во текот на август 2018, Хелсиншкиот комитет поднесе барање за вонреден инспекциски надзор против оваа текстилна фабрика од Ресен, во кое од Државниот инспекторат за труд се побара да утврди дали има неплатена и непријавена прекувремена работа во конфекцијата. Инспекторатот изврши надзор, ја утврди ваквата состојба и го задолжи работодавачот во рок од 30 дена од доставата на решението да им ја исплати прекувремената работа на 170 вработени во фабриката.Со цел да се провери дали работодавачот постапил соодветно, Хелсиншкиот комитет упати дополнително барање за контролен надзор. При вршењето на контролниот надзор,Инспекторатот утврдил дека работавачот постапил по наредбата.

Хелсиншкиот комитет ги повикува граѓаните редовно да пријавуваат неплатена прекувремена работа и други прекршувања на законот, како прв чекор кон подобрување на состојбите со почитувањето и заштитата на работничките права.

Документи