Месечен извештај за човекови права на мигрантите, бегалците и барателите на азил во Србија и Македонија ‒ Септември 2017

октомври 10, 2017

Заштита на правата на мигрантите кои поминуваат низ Македонија и Србија

Целта на овој Извештај е да ја претстави моменталната состојба во врска со заштитата на човековите права и слободи на мигрантите, бегалците и барателите на азил кои поминуваат или престојуваат во Србија и Македонија. Податоците во овој Извештај се добиени од 24 граѓански организации од Србија и Македонија, во рамките на мрежата „Помош на рутата“.