октомври 2, 2020

Месечен информатор за дискриминација за август 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот ,,Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.   

Во август 2020 забележани се 13 случаи на дискриминација. За десет случаи на нееднаков третман реагирале здруженија на граѓани, а Народниот правобранител реагирал  само за еден од случаите. 

За повеќе детали, преземете го инфографикот подолу:

Документи