Месечен информатор за дискриминација – јануари 2021

март 9, 2021

Нееднаквиот третман кон определено лице или група на лица поради нивните лични карактеристики претставува дискриминациjа. Основите, видот и областите во кои дискриминациjата се забранува детално се опфатени со Законот за спречување и заштита од дискриминациjа. Прифаќањето на различностите и заштитата од дискриминациjа се многу важни за напредокот на секое општество. Од овие причини, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги набљудува случаите на дискриминациjа, активностите на државата и останатите здружениjа на граѓани во делот на превенциjата и заштитата од дискриминациjа. Информаторот ги прикажува податоците од набљудувањето во текот на еден месец.

Во јануари 2021 година, забележани се осум случаи на нееднаков третман, седум реакции на граѓански здруженија и една на Народниот правобранител.

 

2