МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА ОД ГОВОР НА ОМРАЗА – СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
ноември 27, 2024

Во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза“, финансиран од Европската Унија, во септември и октомври 2024 година беа реализирани две дводневни обуки за судии и јавни обвинители. Главниот фокус беше ставен на подобрување на знаењето и практичните вештини за справување со говор на омраза, собирање и анализа на електронски докази, како и примена на меѓународни правни стандарди.
Учесниците побараа континуирана едукација и развој на практични алатки, вклучително прирачници и упатства за постапување.


