ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ЗА ВРЕМЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ – ОКТОМВРИ 2025

март 31, 2026

Во периодот од 1 до 31 октомври 2021 година, кој ги опфати првиот круг на локалните избори одржан на 17 октомври и вториот круг одржан на 31 октомври 2021 година, беше забележано значително зголемување на говорот на омраза во јавниот и онлајн простор. Во споредба со претходниот мониторинг период, обемот на регистрирани случаи на говор на омраза беше повеќе од двојно зголемен. Во текот на овој период се евидентираше изразена ескалација на говорот на омраза меѓу двете најбројни етнички заедници – македонската и албанската, како и појава на говор на омраза насочен кон припадниците на Ромската заедница.