ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО ПОСТИЗБОРНИОТ ПЕРИОД НОЕМВРИ 2025
март 31, 2026

Овој извештај дава преглед на регистрираните случаи на говор на омраза во месец ноември 2025 година, со посебен фокус на динамиката во постизборниот период по одржувањето на локалните избори 2025. Иако изборниот процес во повеќе места формално е завршен, постизборниот контекст продолжува да биде обележан со изразена политичка и општествена поларизација, што создава услови за продолжено ширење на говор на омраза, особено во онлајн просторот.
Како и во претходни изборни циклуси, периодот по изборите се карактеризира со засилени наративи на делегитимирање, обвинувања и таргетирање на политички неистомисленици, новинари, активисти и одредени општествени групи. Овие појави укажуваат на потребата од континуирано следење и навремена институционална реакција, со цел спречување на понатамошна ескалација и заштита на основните човекови права и демократските вредности.