Извештај од следењето на постапката за избор на Народниот правобранител
Мрежа за заштита од дискриминација го објави новиот Извештај од следењето на постапката за избор на Народниот правобранител, кој содржи информации за начинот на спроведувањето на процесот на изборот и ги мапира недостатоци во постапката за избор. Документот предлага јасни препораки за промена на законската рамка и на практиките на Собранието на РСМ за избор на Народен правобранител и негови заменици.
Автор на текстот е Стојан Мишев од Здружението за Еманципаија, солидарност и еднаквост на жените.
Уредничка на документот е Драгана Дрндаревска од Коалиција МАРГИНИ.
Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација – Унапредување на еднаквоста преку следење и зајакнување на системот за спречување и заштита од дискриминација“ и е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Унапредувањето на состојбата со еднаквоста и недискриминацијата во нашето општество претставува стратешка определба на Мрежата за заштита од дискриминација. Од една страна, Мрежата работи на решавање на проблемите со кои се соочуваат дискриминираните лица, преку обезбедување на бесплатна правна помош и на стратешко застапување на случаи на дискриминација на ранливи групи на граѓани: Роми, сексуални работници/чки, лица кои употребуваат дроги, жени, ЛГБТИ лица, луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА, лица со попреченост, луѓе припадници на помали етнички заедници, сиромашни и социјално исклучени граѓани и други.
Мрежата има посебен фокус на следењето на работата на независните тела за заштита на правата на граѓаните, вклучително и на изборот на членовите на овие тела, како што е Народниот правобранител. Овој извештај се надоврзува на истражувањето на Мрежата за заштита од дискриминација во 2020 година, кое резултираше еден друг документ – „Извештај од набљудувањето на работата на Народниот правобранител со фокус на спречувањето и заштитата од дискриминација“ ( за период од 10 години).
Публикацијата може да ја преземете подолу: