ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ЈАЗ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, октомври 2023

октомври 17, 2023

И покрај постојното законодавство, институциите во Северна Македонија се соочуваат со сериозни слабости при регистрирањето, следењето и санкционирањето на говорот на
омраза. Недостатокот на координација, соодветни државни датабази, податоци и ресурси резултира со неефикасно справување со ваквите случаи.

Овој документ за јавни политики укажува на клучните институционални предизвици и предлага конкретни чекори за подобрување на националниот систем за одговор на говорот на омраза.