Годишен извештај од мониторинг на говор на омраза на локално ниво во градовите: Тетово, Битола и Штип (2020)

февруари 25, 2021

Во текот на 2020 година беа забележани значителен број случаи на говор на омраза врз основа на етничка припадност, политичка припадност и кон лицата со различна сексуална ориентација и родов идентитет. Етничката припадност предничи како основа и на национално и на локално ниво во набљудуваните средини. Споредено со претходните години нема подобрување во однос на состојбата со говорот на омраза во 2020 година.

При изработка на извештајот проектниот тим користеше аналитичко – синтетички пристап во однос на прибирање на податоци, нивно документирање и анализа. Процесот на прибирање на податоците, односно на забележаните случаи на говор на омраза во градовите Тетово, Битола и Штип се вршеше на месечно ниво.