Јавен повик за ангажирање експерт за изработка на Документ за превенција и заштита на деца во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување)

февруари 12, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман на експерт-ка за изработка на методологија за спроведување на мониторинг на затворени институции.

Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции преку пристап заснован на човекови права. Проектот има три специфични цели:

  •   Да се подобрат условите и унапредат човековите права на децата и ранливите лица во ризик во затворени институции.
  •  Да се зајакнат капацитетите на релевантниот персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик.
  •  Да се овозможи соработката помеѓу локалните активисти и релевантните чинители преку поттикнување на вклученоста на заедницата на децата и ранливите лица во ризик.

Во рамки на проектот се предвидува воспоставување на мултисекторска соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) и Министерството за правда (МП) со цел изработка на сеопфатен Документ за превенција и заштита на деца во ризик.

Документот ќе обезбеди стандардизирани насоки и образовни содржини кои ќе се користат од институции и професионалци кои работат со ранливи деца, со цел унапредување на координиран и системски пристап во детската заштита.

За таа цел се распишува повик за ангажирање на еден надворешен експерт.

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Подготовка на методологија за изработка на Документ за превенција и заштита на деца во ризик
  • Спроведување анализа на: постоечки национални курикулуми и програми, законска и подзаконска рамка, релевантни политики, меѓународни стандарди и добри практики во областа на детската заштита.
  • Поддршка и активно учество во работата на мултисекторската работна група.
  • Организирање и фасилитирање консултации со: социјални работници, правни експерти, едукатори, претставници на институции, родители и релевантни засегнати страни.
  • Изработка на нацрт-верзија на документот, која ќе опфаќа: човекови и детски права, идентификација на деца во ризик, механизми за рана интервенција,стратегии за заштита, правна заштита, психосоцијална поддршка, мултисекторска соработка и координација.
  • Инкорпорирање на добиените коментари и финализирање на Документот.
  • Поддршка во процесот на доставување на финалната верзија до МСПДМ и МП за официјално одобрување и усвојување.
  • Поддршка на проектниот тим во процесот на застапување за формална интеграција на Документот во националните политики.
  • Редовна комуникација и координација со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет.

 Потребни квалификации за двата експерти

  • Завршено високо образование. Завршени постдипломски или докторски студии ќе се сметаат за предност;
  • Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман, работа со деца и маргинализирани групи граѓани;
  • Познавање на стандарди за детска заштита
  • Најмалку 3 години искуство во анализа на законска рамка и јавни политики
  • Претходно искуство во изработка на прирачници, анализи или методологии, стандардни оперативни процедури;
  • Искуство во работа со државни институции и мултисекторски работни групи
  • Напредно познавање на англискиот јазик и
  • Напредни истражувачки и аналитички способности.

Временска рамка и надомест

Eкспертот/ката ќе биде ангажиран/а  10 дена во периодот помеѓу март и септември 2026 година, во договор со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет човекови права.

Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на

  • Работна биографија (CV)
  • Кратка предлог методологија (не подолга од 1 страна)
  • Понудена бруто цена за 10 експертски дена (еден експертски ден се 8 часа)

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Релевантна биографија и искуство – 40 поени
  • Предлог методологија– 40 поени
  • Понудена бруто цена – 20 поени

Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: helkom@mhc.org.mk и tona.kareva@mhc.org.mk  со назнака „Пријава за експерт/ка за изработка на документ за превенција и заштита на деца во ризик“. Рокот за аплицирање е до 20.02.2026 година.

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.