Јавен повик за ангажирање експерт/ка за изработка на Сeопфатно истражување за политиката на санкционирање и видови кривични дела што ги извршуваат деца и млади во ризик
февруари 23, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман на експерт-ка за Сeопфатно истражување за политиката на санкционирање и видови кривични дела што ги извршуваат деца и млади во ризик
Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции преку пристап заснован на човекови права. Проектот има три специфични цели:
– Да се подобрат условите и унапредат човековите права на децата и ранливите лица во ризик во затворени институции.
– Да се зајакнат капацитетите на релевантниот персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик.
– Да се овозможи соработката помеѓу локалните активисти и релевантните чинители преку поттикнување на вклученоста на заедницата на децата и ранливите лица во ризик.
Ова истражување има за цел да изврши десетгодишна анализа на судската пракса во Основен Кривичен суд Скопје во постапувањето кон деца и млади, со фокус на видот на кривични дела и прекршоци, изречените санкции и трендовите во казнената политика. Анализата ќе опфати квантитативни и квалитативни податоци за бројот на предмети, возраст, пол, етничка припадност (каде што е достапно), како и начинот на кој судовите ја применувале законската рамка во конкретни случаи.
За таа цел се распишува повик за ангажирање на еден надворешен експерт/ка.
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:
- Подготовка на методологија за изработка на Сeопфатно истражување за политиката на санкционирање и видови кривични дела што ги извршуваат деца и млади во ризик вклучувајќи дефинирање на индикатори, извори на податоци и аналитички пристап.
- Прибирање, систематизација и обработка на квантитативни и квалитативни податоци од судови и други релевантни институции, со фокус на видови кривични дела и прекршоци, број на предмети, донесени одлуки и изречени санкции во анализираниот период.
- Спроведување анализа на законската и подзаконската рамка што го уредува постапувањето со деца и млади, како и оценка на нејзината примена во судската пракса, вклучително образложенијата во пресудите и користењето на алтернативни мерки.
- Изработка на аналитички приказ на трендовите во казнената политика во период од десет години, вклучувајќи анализа според возраст, пол и етничка припадност (каде што податоците се достапни), со идентификација на евентуални обрасци или диспропорции.
- Подготовка на нацрт-верзија на аналитичкиот извештај со јасно структурирани наоди, статистички табели и графички прикази, како и финализирање на документот по вклучување на добиените коментари и препораки од нарачателот.
- Редовна комуникација и координација со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет.
Потребни квалификации за двата експерти
- Завршено високо образование. Завршени постдипломски или докторски студии ќе се сметаат за предност;
- Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман, работа со деца и маргинализирани групи граѓани;
- Познавање на стандарди за детска заштита
- Најмалку 3 години искуство во анализа на законска рамка и јавни политики
- Претходно искуство во изработка на прирачници, анализи или методологии, стандардни оперативни процедури;
- Напредно познавање на англискиот јазик и
- Напредни истражувачки и аналитички способности.
Временска рамка и надомест
Eкспертот/ката ќе биде ангажиран/а 17 дена во периодот помеѓу март и август 2026 година, во договор со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет човекови права.
Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на
- Работна биографија (CV)
- Кратка предлог методологија (не подолга од 1 страна)
- Понудена бруто цена за 17 експертски дена (еден експертски ден се 8 часа)
Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Релевантна биографија и искуство – 40 поени
- Предлог методологија– 40 поени
- Понудена бруто цена – 20 поени
Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: helkom@mhc.org.mk и tona.kareva@mhc.org.mk со назнака „ Сeопфатно истражување за политиката на санкционирање и видови кривични дела што ги извршуваат деца и млади во ризик“. Рокот за аплицирање е до 27.02.2026 година.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.
