јануари 16, 2020

ПРИСТАП ДО ПРАВДА – бесплатна правна помош

Бесплатна правна помош, е помош одобрена и финансирана од државата за ранливите категории граѓани кои поради недостиг на финансиски средства не можат самите да ги решат правните проблеми со кои се соочуваат.

Постои примарна и секундарна правна помош

Право на примарна правна помош има секое физичко лице кое има живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Северна Македонија.

Со оваа помош помош добивате

  • Општа правна информација
  • Општ правен совет
  • Помош при пополнување на формулари
  • Помош при комплетирање на барање за секундарна правна помош
  • Составување на претставки до Комисијата за заштита од дискриминација и до Народниот правобранител

Примарна правна помош се обезбедува од страна на министерството за правда, овластено здружение и правна клиника

Секундарна правна помош се одобрува на лице кое има потреба од стручна правна помош од адвокат за конкретна правна работа и кое не е во можност да ги плати трошоците на постапката заради некогавата финансиска состојба и чие барање е оправдано.

Доколку секундарната правна помош се одобри тогаш се:

  • Овластува назначениот адвокат за давање секундарна правна помош
  • Ослободува корисникот од судска такса и трошоци поврзани со постапката пред суд согласно закон
  • Ослободува корисникот од административни такси
  • Ослободува корисникот од трошоци за вештачење

Секундарна правна помош може да се добие во сите граѓански судски постапки, во управни постапки и во управни спорови, со исклучок за царински и даночни работи, клевета и навреда, надомест за нематеријална штета, јавни и комунални услуги, имотно правни прашања, прекршоци и доколку трошоци за давање на правна помош се несразмерно високи во споредба со вредноста на спорот.

Барателот на секундарна правна помош треба да ги исполнува следните услови

  • Месечниот приход на барателот кој живее сам не треба да го надминува износот на минималната нето плата.
  • Месечниот приход на барателот кој живее во заедничко домаќинство со членовите на неговото семејство не треба да го надминува износот на минималната нето плата, а месечниот приход на секој нареден член од семејството не треба да го надминува износот од 20% од минималната плата.

Барателот заедно со членовите на неговото семејство треба да поседуваат само еден едностанбен објект или стан во кој живеат.

Една или повеќе физички поврзани катастарски парцели со вкупна површина од 300м2 во Скопје,

Една или повеќе физички поврзани катастарски парцели со вкупна површина од 500м2 во општините надвор од Скопје.

Една или повеќе (физички поврзани) катастарски парцели со вкупна површина не поголема од 5000м2 во руралните средини.

Само едно регистрирано возило чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 1.200 кубни сантиметри.

Ако судот или другите правни органи определат кратки рокови, не подолги од 15 дена, за постапување во конкретна правна работа, тогаш барателот е должен да го поднесе барањето истиот или најдоцна два дена од денот кога дознал за рокот!

Видеа

ПРИСТАП ДО ПРАВДА - што содржи новиот Закон за бесплатна правна помош