Повик за пријавување на учесници на регионална конференција: „Дигиталните медиуми во нова ера: пат кон саморегулација, етика и независност“

февруари 8, 2021

Албанскиот хелсиншки комитет го спроведува проектот „Дигиталните медиуми во нова ера: пат кон саморегулација, етика и независност“, финансиски поддржан од холандската влада. Во оваа рамка, АХЦ, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Албанија и Регионалната мрежа за владеење на правото на холандското Министерство за надворешни работи, организираат Регионална конференција за медиуми на 18 – 19 март 2021 година.

Оваа регионална конференција за медиуми има за цел да се осврне на предизвиците и решенијата на претставниците на медиумите, во однос на професионализмот, етиката и независноста од регионална перспектива, во сите земји од Западен Балкан.

На настанот ќе учествуваат експерти од шест земји од Западен Балкан (Албанија, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово), како и од Холандија и Европскиот суд за човекови права.

Овој настан ќе се осврне на голем број важни медиумски аспекти, како што се саморегулацијата, етиката и независноста. Преку различно обликувани сесии, целта е да се помогне за подобро разбирање, подигнување на свеста и барање ефикасни начини за развој и зајакнување на медиумската саморегулација, како да се минимизира кршењето на етиката и како да се зачува и зајакне независноста на медиумите и да се опстои под внатрешни или надворешни притисоци и влијанија. Исто така, специјална сесија на оваа конференција ќе биде посветена на стандардите разработени во јуриспруденцијата на Судот во Стразбур, поврзани со слободата на медиумите.

Тирана ќе биде град домаќин на конференцијата. Во согласност со протоколите и упатствата на Светската здравствена организација, Конференцијата е планирано да се одржи со ограничено физичко присуство на учесниците и преку онлајн платформите, на хибриден начин со примена на двата формати.

Би сакале да ги поттикнеме сите заинтересирани медиумски работници да изразат интерес за учество на Регионалната конференција за медиуми со поднесување на апликација како што е наведено во овој повик за аплицирање.

Подобни апликанти:

– Претставници / новинари од медиуми во сите земји од Западен Балкан

– Уредници од медиуми во сите земји од Западен Балкан

– Медиумски организации во сите земји од Западен Балкан

– Активни новинари (од медиум или фриленсери) во сите земји од Западен Балкан

– Медиумски експерти во сите земји од Западен Балкан

– Регулаторни тела за медиумите во сите земји од Западен Балкан

– Научници од сите земји од Западен Балкан

 

Добро познавање на англискиот јазик е задолжително за сите учесници бидејќи тој ќе биде работен јазик на конференцијата.

По одржување на настанот, АХЦ ќе обезбеди поддршка преку ваучери (скромна шема на под-грантови во рамките на овој проект) заснована на модел на мала парична награда за 3-4 новинари кои се учесници на регионалната конференција. Сите заинтересирани учесници, кои го претставуваат медиумскиот сектор, ќе бидат охрабрени да аплицираат во рамките на оваа шема со написи или стории кои подлабоко ги разгледуваат темите /прашањата обработени на конференцијата. Оваа шема ќе го претпочита регионалниот фокус на решавање на овие прашања, но нема да ги исклучи атрактивните идеи на национално ниво во некоја од шесте земји од Западен Балкан. Евалуацијата на најдобрите предлози ќе се заснова на критериуми како што се професионалност, предложена методологија, пропорционална застапеност на родовата еднаквост и географскиот опсег во Западен Балкан

 

Постапка за аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија  (максимум 1 страница) и писмо за интерес на електронската адреса: office@ahc.org.al. Крајниот рок за пријавување е 20 февруари 2021 година. Избраните кандидати ќе бидат известени по овој датум.

 

Оригиналниот повик на Албанскиот Хелсиншки комитет е на следниот линк: https://ahc.org.al/en/call-for-applications-for-participants-in-the-regional-media-conference/

 

*Хелсиншкиот комитет за човекови права е партнерска организација на Албанскиот хелсиншки комитет во спроведувањето на проектот.