Повик за доставување на понуди за набавка и принт на промотивни материјали
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Северна Македонија”, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, спроведува постапка на прибирање на понуди, со упатување на покана – барање за доставување на понуди.
Потребна е набавка и принт на комуникациски, промотивни материјали за проектот (опишани во табелата под точка 1).
За горенаведениот предмет понудите да бидат испратени најдоцна до 19.04.2023 година (ден) во 12:00 часот, по електронска пошта на jana.sotirovska@mhc.org.mk.
Со оваа покана ви ја доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата.
1. Табела на потребни материјали
2. Општи информации:
Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда во согласност со горенаведените материјали. Со тоа што во понудата секоја од горенаведените ставки треба да биде посебно образложена. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 3 на овој документ.
Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе обезбеди дизајнерска припрема за печатењето на потребните материјали. Исто така ќе биде склучен договор за реализација на предметот на набавката помеѓу Хелсиншкиот комитет за ловекови права и понудувачот чија понуда ја избрана за најповолна. Времетраењето на договорот ќе биде од денот на неговото потпишување од двете договорни страни, па се до исполнувањето на предметот. Составен дел на договорот за реализација на предметот ќе биде понудата на понудувачот, чија понуда е избрана за најповолна. Понудата да биде доставена најдоцна до 19.04.2023 на електронската адреса jana.sotirovska@mhc.org.mk
Цените при наведената понуда да бидат изразени без ДДВ.
3. Критериум за доделување на договорот за набавка
Критериумите за доделување на договорот за набавка се:
· економски најповолна понуда
· најдобар квалитет
· најкраток рок на испорака
За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсоодветна според наведените критериуми.
4. Евалуација на понудите
При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид понудените цени, рокот на испорака и квалитетот на материјалите. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапкатa.
5. Начин на комуникација
Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат по електронска пошта. . Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
Напомена: *ПРОЕКТОТ Е ОСЛОБОДЕН ОД ДДВ. ПО НАПРАВЕН ИЗБОР ЗА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНО РЕШЕНИЕ И ПОТВРДА ОД УЈП И СЕП.*