Ревидиран повик за ангажман на тројца монитори за следење на примената на дигиталните права на национално ниво за период јули-декември 2022 година

јули 4, 2022

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права текот на 2022 година, започнува со спроведување на проектот “Поголеми интернет слободи –Greater Internet Freedom” финансиран од страна на Интерњуз Мрежа/Internews Network. Главната цел на овој проект е унапредување на човековите права во дигиталниот простор.

Предмет на ангажманот

Во рамки на проектот ќе се спроведе активност за следење и регистрација прекршување на дигиталните права на граѓаните и регистрирање на пријави на регионалната веб платформата https://monitoring.bird.tools/ за периодот 15.06.2022 година до 15.12.2022 година. Оваа веб платформа претставува интерактивна алатка за пријавување на случаи поврзани со дигиталните права на граѓаните и генерирање на статистички податоци на регистрирани пријави врз основ на три параметри: географска локација, правен основ и временска рамка.

Со цел зајакнување на мониторингот врз прекршувањата на дигиталните права, Хелсиншкиот комитет за човекови права има потреба од ангажман на три (3) монитори кои ќе вршат следење, регистрирање и известување за состојбите во дигиталниот простор, вклучително говор на омраза на електронски медиуми, интернет изданија на весници и портали, социјални медиуми и ќе имаат за цел да вршат упис на утврден говор на омраза на месечно ниво и да го доставуваат до проектниот тим за понатамошна анализа. Времетраењето на ангажманот е 6 месеци.

Мониторите ќе бидат компензирани преку месечен хонорар од $150 бруто износ (месечно) во денарска противвредност.

По извршениот избор, Хелсиншкиот комитет ќе спроведе обука на избраните монитори со јасни насоки за нивниот ангажман и работни обврски. Овој ангажман нуди флексибилност со тоа што избраните лица не се обврзани на работно време и престој во Хелсиншкиот комитет.

Со оглед на материјата која е цел на анализа во рамки на овој проект, условите за пријавување се следниве:

  • Додипломски студии во областа на информатичката технологија или правните науки,
  • Познавање на македонски и англиски јазик,
  • Основно познавање за дигиталниот простор и социјалните медиуми,
  • Одговорност и навремено доставување на неделните и месечни извештаи,
  • Посветеност, доверливост и професионалност за извршување на мониторинг активностите за времетраење на целиот проект,
  • Редовна комуникација и координација со проектниот тим,
  • Познавањето на областа на дигиталните права (особено и делот на заштитата на личните податоци во интернет сферата) ќе се смета за предност.

Заинтересираните за учество на обуката потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо (не поголемо од една страна) во кое што ќе ги објаснат своите квалификации и мотив.

Апликациите се доставуваат на следната електронсканадреса: helkom@mhc.org.mk и  до slavica.anastasovska@mhc.org.mk со назнака „ мониторинг на дигитални права најдоцна до 12 јули (вторник) 2022 година.