Повик за ангажирање на експерт/ка за работа на извештај во сенка за ГРЕВИО
Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права
Проект: Градење на капацитетите на граѓанските организации за подготовка на ГРЕВИО извештај во сенка
Донатор: UN Women
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за подготовка на ГРЕВИО извештај во сенка” финансиран од страна на UN Women, oбјавува оглас за ангажирање на експерт/ка за финализирање на првиот нацрт на ГРЕВИО извештајот во сенка
ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ
Предмет на овој ангажман е финализирање на првиот нацрт на ГРЕВИО извештајот во сенка, кој ќе биде подготвен по пат на прибирање податоци од страна на мониторки-претставнички на здруженија на граѓани од Платформата за родова еднаквост.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Експертот/ката се ангажира за 3 (три) работни денови во период од 15.05.2021 до 15.07.2021 година.
НАДОМЕСТ ЗА АНГАЖМАНОТ
Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 82.950,00 денари.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршени магистерски студии во областа на правото, политички науки или родови студии. Докторски студии ќе се сметаат за предност;
- Искуство во подготовка на извештаи во сенка;
- Искуство од областа на заштита и превенција на родово базирано насилство и семејно насилство;
- Напредно познавање на домашните закони и меѓународните правни инструменти за заштита од родово базирано и семејно насилство, со посебен фокус на Истанбулската конвенција;
- Искуство во работа на меѓународни проекти ќе се смета за предност.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните кандидати/ки за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски или англиски јазик на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и копија до bojana.jovanovska@mhc.org.mk со назнака „Eксперт/ка за работа на извештај во сенка за ГРЕВИО“ најдоцна до 14 (петок) 2021 година.
За сите дополнителни прашања можете да се обратите на некој од наведените мејлови.