Повик за ангажирање екперт(к)и за изработка на правни анализи

јуни 4, 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамки на проектот IPA/2019/413-342 „Основите прво – Активен придонес во владеење на правото” поддржан од Европската унија, објавува оглас за ангажирање на 6 експерт(к)и за изработка на правни анализи во период јуни – декември 2020.

Во рамки на ангажманот, експертот/ката потребно е да:

  • Утврди концепт и методолошка рамка за спроведување на истражувањето;
  • Собере податоци и да спроведе интервјуа со релевантни засегнати страни, како и да одржи средби со релевантни институции и експерти;
  • Подготви правна анализа врз основа на собраните податоци и информации во една од следните области:*
    • Работнички права
    • ЛГБТИ права
    • Говор на омраза и/или дела од омраза
    • Права на Роми
    • Родова еднаквост
    • Услуги од социјална заштита со фокус на лицата со попреченост
  • Ги презентира главните наоди и препораки од анализата.

 

* Темата во специфичната област ќе биде утврдена заедно со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:

  • Најмалку 7 години активно работно искуство во областа на владеење на правото или човекови права и/или најмалку 3 години во специфичната област наведена во овој повик;
  • Завршени додипломски студии во областа на општествените науки. Магистерска титула во областа на општествените науки како и докторат во областа на општествените науки ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање и користење на Англиски јазик;
  • Напредно познавање на методолошките аспекти во правните, политичките и општествените истражувања;
  • Искуство во прибирање и анализа на квантитативни податоци;
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини; и
  • Докажана способност за работа и комуникација со луѓе од различни професионални, социјални и културни средини.

 

Рок и потребни документи за аплицирање:      

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на:

  • CV во word или pdf формат на македонски јазик и мотивационо писмо не подолго од една страна;
  • Две референци за потврда на експертизата во областа; и
  • Временска рамка за изработка на правната анализа (вклучувајќи број на експертски денови).

Рокот за пријавување е до 24.06.2020 година на следната е-маил адреса: helkom@mhc.org.mk со назнака „Апликација за експерт/ка за изработка на правна анализа“ со задолжителна назнака за областа во која аплицирате. За дополнителни информации можете да се јавите на 02 3119 073.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе формира комисијата и ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосни пријави од кандидатите, нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас.

Вкупниот буџет за овој повик изнесува 1500 евра во денарска противвредност. Надоместокот за секоја анализа ќе биде утврден согласно обемот и експертските денови потребни за изработка на правната анализа.

 

2