Експлоатацијата на очајните работници не треба никогаш да биде „новото нормално“, изјави експерт од ОН
август 17, 2020
ЖЕНЕВА (30 јули 2020) – Нескротливата експлоатација на ранливите работници, вклучувајќи многу жени и деца, се зголеми алармантно за време на пандемијата со КОВИД-19 и потребни се итни мерки на меѓународно и државно ниво за да се искорени, изјави денеска експерт од ОН.
Оние што го загубиле работното место и биле доведени до гладување – на пример во туризмот или домашната индустрија – се приморани да прифатат услови со поголема експлоатација, изјави Марија Грација Џиамаринаро, специјален известувач за трговија со луѓе. На Светскиот ден против трговија со луѓе, таа изјави:
„Луѓето што работат во сектори што се сметаат за неопходни во време на пандемијата со КОВИД-19, како агрикултурата или транспортот и доставата, се приморани да работат под притисок и со подолго работно време, без притоа да им се обезбедат неопходни мерки за безбедност. Децата што се наоѓаат во тешки околности се особено ранливи на најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд. Жртвите на проституцијата и секс индустријата, најчесто жени и девојки, се оставени да гладуваат за време на карантин и се предмет на уште поголемо насилство и екстремна експлоатација по завршувањето на карантинот.
Во поглед на сегашната криза и ситуацијата на милионите работници во која се наоѓаат, влијанието на пандемијата потврдува дека трендот сè уште – денес дури и повеќе – се стреми кон зголемување на тешката експлоатација, вклучувајќи го и контекстот на трговија со луѓе.
Наспроти ова, уверена сум дека потребна е вистинска промена во превенцијата и борбата против трговијата со луѓе, што треба искрено да биде инспирирана од агенда за човекови права за да биде ефикасна.
Годинава ќе биде 20-годишнината од „Протокол Палермо“ на ОН со кој се надополнува Конвенцијата на ОН против Транснационалниот организиран криминал, главниот меѓународен инструмент за трговија со луѓе, но дејството против трговијата со луѓе останува ограничено на одредена област со активности предводени од законот, додека масовната експлоатација што се случува во многу економски сектори поминува незабележително и станува системска компонента на нашите економии ширум светот.
Сега е време да одиме преку Протоколот Палермо, потребна е нова визија. Протоколот треба да се протолкува и спроведе преку објективот за човекови права, во согласност со мекото законодавство, како препорачаните принципи и упатства на ОХЦХР за човекови права и трговија со луѓе, и судска пракса за судовите за човекови права; владите мора да претрпат длабоки промени во државното законодавство против трговијата со луѓе и регулативите за спроведување, кои треба да бидат усогласени со стандардите за човекови права. Сепак, ова можеби нема да биде доволно, па државите мора да размислат за усвојување на нов меѓународен инструмент што ќе се однесува на експлоатација преку пристап базиран на човековите права.
За да се промовира пристап базиран на човековите права со цел да се спречи трговијата со луѓе, меѓународното и државното законодавство треба да се променат во пет насоки:
1) Обврските на државите и бизнисите треба да бидат обврзувачки, особено во полето на превенција; да постои пристап до ефикасни лекови што ќе бидат вклучени во синџирите за снабдување и долгорочни мерки насочени кон социјално вклучување на жртвите на трговија со луѓе, како и на експлоатираните лица, но и мерки засновани на правото на децата;
2) на жртвите на трговија со луѓе и експлоатираните лица треба да им се дозволи да поднесат жалба за негативните одлуки поврзани со нивниот статус за живеење и со помош;
3) принципот за неказнување треба да се применува во какви било незаконски активности во кои биле вклучени жртвите на трговија со луѓе, како директна последица од тоа што биле жртви;
4) невладините организации треба да бидат соодветно финансирани за да опфатат поголем простор со експлоатирани лица;
5) имиграциските закони и регулативи треба да обезбедат постојани и достапни канали, заштитен ѕид меѓу социјалните сервиси, трудовите инспекции и судските постапи и имиграциските контроли, и регулативите за регрутирање и агенциите за посредување.
Додека државите немаат обврска да ја криминализираат трговијата со луѓе за целите на сексуалната експлоатација, според Протоколот Палермо на ОН за трговија со луѓе, проституцијата сама по себе треба да биде декриминализирана насекаде со цел да им се обезбеди на жртвите од трговија со луѓе да истапат и да пријават експлоатација без да се плашат и без да бидат притворени или обвинети за сексуални услуги. Згора на тоа, ниедна мерка против трговијата со луѓе не треба да ги поткопа човековите права на експлоатираните лица – најчесто жени и деца – и да им го направи животот потежок или негативно да им се одрази на можноста да избегаат од тешката експлоатација.
Сите мерки против трговијата со луѓе треба да бидат родово чувствителни. Во однос на превенцијата, треба правилно да се пристапи кон основните причини како што се родовата нееднаквост и родовата дискриминација, вклучувајќи го и ограничениот пристап на жените до материјални и културни ресурси, сексуалното и домашното насилство и сексуалното насилство поради конфликт. Во однос на социјалната инклузија на жените и девојките што биле жртви на трговија со луѓе, долгорочните мерки треба да имаат трансформативна природа и да не бидат обликувани според родови стереотипи. Значајните врски помеѓу жените што пружаат и добиваат грижа се во суштината на јакнењето на жените и треба да се сметаат за основа на практиките засновани на човековите права ширум светот.“
Експерт: Г-а Марија Грација Џиамаринаро, Специјален известувач за трговија со луѓе, особено со жени и деца
Г-а Марија Грација Џиамаринаро е Специјален известувач за трговија со луѓе, особено со жени и деца, и е судија уште од 1991 година. Била судија во предсудска постапка во Криминалниот суд во Рим и во моментов е судија во Граѓанскиот суд во Рим. Во февруари 2019 била назначена за вонреден професор за Законот за човекови права во Ирскиот центар за човекови права, Правен факултет, Државен универзитет во Ирска, Голвеј. Ја има изготвено Директивата на ЕУ за спречување и борба со трговијата со луѓе и заштита на жртвите, а пред тоа го беше изготвила Италијанското законодавство за трговија со луѓе, судските активности против дискриминација и наредбите за заштита против домашно насилство.
Специјалните известувачи се дел од Специјални постапки на Советот за човекови права. Специјалните постапки, најголемото тело на независни експерти во системот на човекови права на ОН, е генералното име за независното барање на факти на Советот и механизмите за следење што адресираат или специфични ситуации во една земја или тематски проблеми од сите делови на светот. Експертите за специјални постапки работат на волонтерска основа – не се вработени во ОН и не добиваат плата за својата работа. Тие се независни од сите влади или организации и делуваат со својот сопствен капацитет.
За повеќе информации и барања до медиумите, ве молиме да ја исконтактирате г-а Клара Паскуал де Варгас на cpascualdevargas@ohchr.org или г-а Роберта Серентино на mserrentino@ohchr.org
За медиумски прашања поврзани со независните експерти на ОН, ве молиме да ги исконтактирате Ренато де Соуза (+ 41 22 928 9855 / rrosariodesouza@ohchr.org)
Следете ги вестите поврзани со независните експерти за човекови права на ОН на Твитер: @UN_SPExperts.
Загрижени сте за светот во кој живееме?
Тогаш БОРИ СЕ за нечии права уште денеска.
#Standup4humanrights
и посетете ја веб-страницата https://www.standup4humanrights.org